На 07.06.2018 година во 02,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на пешачката патека во Градскиот парк мопед “Вангје“ со скопски регистерски таблици управуван од А.Б.(32) од Скопје изгубил контрола и паднал на патеката. Од незгодата со повреди се здобил моторциклистот кој со друго возило бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
На 06.05.2018 година околу 13,15 часот во во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улица „Втора Македонска Бригада“ патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од А.Х.(57) од Скопје удрил во дете-пешак на возраст од 11 години. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Детската хирургија при Комплекс клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настнаот и се работи на целосно расчистување на случајот.
На 06.06.2018 година околу 19,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, на игралиштето во населбата „11-ти Октомври“, додека Д.К.(24) од Скопје играл фудбал, му се слошило, по што паднал на игралиштето и починал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.
Во текот на вчерашниот ден (06.06.2018) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, седум со лесни телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и седум со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 84 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 29 возачи од кои: тројца возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, тројца биле возачи почетници и 14 бидејќи го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така исклучени од сообраќај се и 21 возило поради тоа што 10 не биле регистрирани, едно било технички неисправно и 10 биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Исто така санкционирани се и осум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, осум не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно се престроиле, еден неправилно престигнувал и еден не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница. Исто така санкционирани се осум пешаци, шест бидејќи поминале коловоз надвор од пешачки премин и двајца поминале на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 98 мандатни платни налози, додека 73 возила. се подигнати со специјално возило "пајак".
На 07.06.2018 година во 04,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на бензинска пумпа на улица “Кемал Сејфула“ од страна на две непознати маскирани лица со закана со пиштол извршено било разбојништво, при што од вработените одзеле една чанта во која имало околу 3.000-4.000 денари. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 06.06.2018 година во Секторот за внатрешни работи Тетово Р.К. од село Нераште, тетовско пријавил дека истиот ден околу 13,10 часот на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово непознато лице почнал да го навредува и сакал физички да го нападне по што бил спречен од страна на случајни минувачи. Потоа во 15,00 часот на улица „Илинденска“ каде Р.К. изведувал градежни работи на куќа, дошло истото лице и му вперило пиштол, но Р.К. му ги фатил рацете, а лицето испукало еден куршум во подот. Во тој момент дошло уште едно лице кое физички го нападнало пријавителот, а другото лице му задало неколку удари со пиштолот во пределот на градите и лицето. Едно од лицата кои работеле на куќата почнал да викна дека доаѓа полиција, по што двајцата избегале. Р.К. по настанот се упатил во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош. Истиот ден во 15,40 часот во полициската станица во Тетово се пријавил Д.М. (35) од Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот и подигната била една чаура за вештачење. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 06.06.2018 година во 09,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Р.Ќ.(37) пријавил дека на улица „Индира Ганди“ при работа во електрично ормарче сопственост на ЕВН, заедно со уште двајца вработени во фирмата „Електро Кајник“ кои биле ангажирани од ЕВН, бил физички нападнат од страна на И.К. (31) со лопата во пределот на градите. Потоа истиот го оштетил и задното ветробранско стакло од товарно моторно возило сопственост на „Електро Кајник“, по што тројцата со возилото заминале од местото на настанот. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 06.06.2018 година околу 22,45 чаот на улица „176“ во Тетово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово го привеле Н.К.(26) од Тетово, осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тој бил приведен и по краткото задржување во полициска станица бил предаден во Казнено поправната установа „Тетово“ за издржување на казната.
На 06.06.2018 година во периодот од 12,00 до 14,30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар во близина на село Форино запреле патничко возило „Опел фронтера“ со странски регистарски ознаки, управувано од Л.С.(27) од село Чегране, гостиварско, во кое се наоѓал и неговиот татко Х.С.(59). Во возилото тие превезувале огревни дрва за кои непоседувале никакви документи. Поради тоа, возилото и една моторна пила со потврда биле одземени и предадени на Шумска полиција. Тие биле лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.06.2018 година во 08,10 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.А.(78) од Скопје пријавил дека на 30.05.2018 година околу 13,00 часот, пред неговата куќа на улица „Перо Наков“ дошло непознато лице и му понудило огревни дрва по цена од 8.000 денари. Тој прифатил и тргнал со него да ги видат дрвата. Во еден момент лицето му се сокрило и се вратило кај сопругата на Б.А. и ги побарал парите со изговор дека се договориле. Таа му ги дала парите, по што заминал во непознат правец. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.06.2018 година во 00,30 часот во Полициската станица Драчево, Т.Р. (44) од с.ело аор, со престој во село Орешани, пријавил дека на 05.06.2018 година околу 19,30 часот на автобуска постојка кај Олимписки базен неговата ќерка ја пронашла сопругата С.Р.(44), која на 05.06.2018 година во 10,30 часот била пријавена како исчезната.
На 06.06.2018 година во 21,00 часот во Полициската станица Центар, Д.Б.(44) од Скопје пријавил дека истиот ден во 17,30 часот на улица „Караорман“ неговата малолетна ќерка била нападната од две кучиња кои ја гризнале во пределот на десната надколеница. Кучињата биле сопственост на двајца соседи од истата улица.
На 06.06.2018 година во 01,40 часот во Полициската станица Центар, Д.Т.(24) од Скопје пријавил дека на 05.06.2018 година во 23,10 часот на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, додека се движел пеш, бил каснат од куче-скитник во пределот на левата потколеница.
На 06.06.2018 година околу 12,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје на улица “Ѓорче Петров“ полициски службеник од Единицата за јавен ред и мир додека давал асистенција на инспектори од град Скопје (одделение за патен сообраќај за контрола на возила кои превезуваат патници), С.Р.(31) од село Глумово, се доближил до полицискиот службеник и започнал вербално да го навредува по што и физички го нападнал. С.Р. бил приведен во Полициската станица Ѓорче Петров. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 06.06.2018 година во 13,00 часот во Полициската станица од Струга Ѓ.И.(65) и З.Р.(38), двајцата од Скопје, (вработени во Државниот просветен инспекторат) пријавиле дека истиот ден околу 11,00 часот во просториите на Меѓународниот Универзитет во Струга врз основа на задолжение од директорот на Државен просветен инспекторат, требало да извршат вонреден инспекциски надзор. При нивното влегување во просторитте на универзитетот, биле пречекани од одговорното лице А.К. кој, откако му биле покажани службените легитимации и задолжението за надзор, на инспекторите веднаш им се обратил на висок тон и со навредливи и заканувачки зборови. Истиот, го зел задолжението за вонреден надзор кое му било покажано и на Г.Р. (вработен во универзитетот) и го фрлил и побарал од државните просветни инспектори да го напуштат универзитетот. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На ден 06.06.2018 година во 19,00 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата “Мирче Ацев“ и улицата “Вита Поп Јорданова“ во Штип, по случена сообраќајна незгода со материјална штета во која патничко моторно возило управувано од 26-годишен возач под дејство на алкохол најпрвин удрил во тезга за продажба на производи, а потоа и во две паркирани возила дошло до нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем. Имено дошло до тепачка помеѓу предизвикувачот на сообраќајната незгода и двајцата сопатници од неговото возило од една и сопственикот на тезгата и негови двајца роднини од друга страна кои во меѓувреме пристигнале на негов повик. Околу 19,10 часот заради воспоставување на јавниот ред и мир и контрола над учесниците во тепачката кои се оглушувале на дадените усни наредби да престанат со дејствијата, од страна на полициски службеник од службениот пиштол бил испукан еден предупредувачки истрел во воздух.
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Љ.Р. (43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 21.03.2018 година околу 20,30 часот во Тетово пријавениот со нож физички го нападнал Д.Ѓ. при што со дршката од ножот, му нанел телесни повреди во пределот на главата.