ОДДЕЛ ЗА ЕУ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

 Секторот за Европска унија и меѓународна соработка претставува организациска единица при МВР којашто ги координира активностите во Министерството поврзани со прашања од областа на Европска унија, ИПА фондовите и останатата странска помош, потоа прашања од областа на билатералната и мултилатералната соработка на Министерството, пришто тесно соработува со другите Министерства, институции и организации за прашања од областа на безбедноста.

 

Секторот за Европска унија и меѓународна соработка го сочинуваат три Одделенија:

Одделение за преговори и интеграција;

Одделение за меѓународна соработка;

Одделение за ИПА

 

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 

Одделението за меѓународна соработка е посебна организациска единица во рамки на Секторот за Европска унија и меѓународна соработка. Ова Одделение е одговорно за кординирање на меѓународната соработка на Министерството, а работата што ја врши е насочена кон воспоставување на односи на соработка и комуникација со претставници на дипломатско-конзуларните претставништва во земјата, странските организации, мисии и институции на ОН, Европската Унија, ОБСЕ, НАТО и други, изготвување и спроведување на меѓународни документи и комуникација на меѓународен план.

Одделението за меѓународна соработка, воедно е и единствената организациска единица во рамки на Министерството овластена за водење на постапка и одржување преговори за склучување договори за билатерална, регионална и меѓународна соработка, договори за преземање на лица со нерегулиран престој, меморандуми за соработка, како и подоготвка на сите останати документи со правна важност од областа на меѓународната соработка.

Основна цел на ова Одделение е да соработува со регионални и меѓународни организации, присутни во и надвор од Република Македонија, при тоа овозможувајќи им на претставниците на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија да учествуваат на разни меѓународни конференции и семинари, стекнувајќи искуство кое понатаму го пренесуваат во својата секојдневна работа.

Исто така, вработените во Одделението се одговорни за изготвување на материјали за потребите на Кабинетот на Министерот во делот на подготовка на Министерот за учество на меѓународни конференции, билатерални средби на високо ниво, организирање семинари, обуки и други настани во кои Министерството за внатрешни работи се јавува како учесник или организатор.

 

Во делот на надлежности на ова Одделение спаѓа и преведувањето на пишани документи, симултан и консекутивен превод, пред се за потребите на Кабинетот на Министерот, но и за останатите единици во рамки на Министерството.

 

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПРЕГОВОРИ И ИНТЕГРАЦИЈА               

Одделението за преговори и интеграција е основано како посебна организациона единица на Секторот за европска унија и меѓународна соработка во 2006 година, со трансформација на претходното Одделение за европска интеграција. Формирањето на наведеното одделение беше одговор на нараснатите потреби кои произлегуваат од интензивирањето на процесот на интеграција на Република Македонија во Европската унија и остварувањето на стратешката цел на Република Македонија за членство во Унијата, особено координацијата на активностите за сите области од Поглавјето 24 - Правда, слобода и безбедност.

Притоа, Одделението за преговори и интеграција е пред се фокусирано на координација на Работната група за Поглавје 3.24 Правда, слобода и безбедност, кое се состои од следните подрачја:

Миграција

Азил

Визна политика

Надворешни граници и граници на шенген зоната

Судска соработка во кривични и граѓански предмети

Полициска соработка во кривични и граѓански предмети

Борба против организиран криминал

Борба против теророизам

Борба против дрога

Царинска соработка

Фалсификување на еврото.

 Работните подгрупи се составени од претставници од релевантните институции и се надлежни да ги имплементираат приоритетите во процесот на пристапување кон ЕУ.

 

Надлежност на Одделението за преговори и интеграција

Основна надлежност на Одделението за преговори и интеграција е  подготовка за преговори на Република Македонија за членство во Европската унија, со посебен акцент на активностите опфатени во Поглавјето 24 Правда слобода и безбедност,учество во формирањето на идните преговарачки позиции и воопшто давање поддршка на процесот за преговори за пристапување кон Европската унија.

Одделението за преговори и интеграција е алка од системот за управување со процесот на пристапување кон ЕУ во кој се вклучени повеќе субјекти:

Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ

 Во насока на подготовка за преговори за пристапување кон Европската унија, Одделението за преговори и интеграција врши планирање, координација и мониторинг при реализацијата на Национална програма за усвојување на правото на Европската унија 

Националната програма за усвојување на правото на Европската унија е сеопфатен долгорочен документ кој  ја дефинира динамиката на усвојувањето на правото на ЕУ, стратешките насоки, политиките, реформите, структурите, ресурсите и роковите што треба да се реализираат со цел Република Македонија  да ги исполни условите за членство во Унијата. (линк до НПАА на веб страната на СЕП)

 

 Одделението за преговори и интеграција остварува координација со Европската Комисија преку

учество на Комитетот за стабилизација и асоцијација,

учество и кординација на Поткомитетот за правда, слобода и безбедност.

консултативни состаноци.

 Одделението за преговори и интеграции во изминатиот период ги координираше активностите од надлежност на Министерството за внатрешни работи, што заедно со ангажманот на останатите инволвирани лица и институции во Република Македонија, допринесе во донесувањето на одлуката на Европската комисија за визна либерализација на Република Македонија

 

 Покрај наведеното, Одделението за преговори и интеграции го анализира степенот на хармонизираност на македонското законодавство со acquis communitaire и предлага мерки за усогласување на националното законодавство, остварува соработка и координација со останатите сектори во министерството и Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија, како и со други органи на државната управа,

 

ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ИПА

Основна надлежност на Одделението за ИПА е да обезбеди техничка поддршка за проектите кои се спроведуваат во Министерството за внатрешни работи во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Во Одделението за ИПА се вршат следните активности:

•    координирање на активностите во министерството во процесот на дефинирање на проектните идеи;

•    во координација со крајните корисници во министерството подготовка на проектни и секторски фишеа;

•    следење на друга странска помош и обезбедување на комплементарност;

•   во координација со крајните корисници во министерството подготвување на тендерски досиеа (проектни задачи ToR, техничка спецификација, упатство за апликанти и др) за тендерското досие;

• целосно имплементирање на обврските предвидени во Оперативниот договор склучен  помеѓу Министерството за внатрешни работи и Секторот  за централно финансирање и склучување на договори;

•    доставување на прецизна и навремена информација за потребен буџет за наредната година во однос на националното ко-финансирање и програмираните ИПА средства по проекти до надлежниот координатор за авторизација (НАО) како и Секторот за финансиски прашања во министерството;

•    континуирано следење на степенот на извршување на проектите и оперативна програма;

•    предвидување и оценка на ризик на проектите изработка на план за следење на проектите;

•    следење на неправилности и изработка на извештаи наменети за ЦФЦД кои се однесуваат за можните или за утврдените неправилности;

•    следење на почитувањето на Европските правила за лого и формат на Европската комисија;

•    активности за учество во програмите и агенциите на Европската Унија;

•    соработка со Секретаријатот за европски прашања, Национален координатор за странска помош (НИПАК), Секторот  за централно финансирање и склучување на договори и други институции кои се дел од ИПА оперативната структура

Важат условите наведени во огласот и апликациите се доставуваат на официјалната маил адреса наведена во истиот:

 http://cfcd.finance.gov.mk/wp-content/uploads/2015/07/Call-for-contribution.pdf