Дневни билтени

Извадок од дневните настани 06.05.2018

На 06.05.2018 година околу 03,00 часот на делницата од автопатот Граничен премин Богородица–Гевгелија, патничко моторно возило “Мерцедес“ со гевгелиски регистерски таблици управувано од М.К.(27) од с.Богородица удрило во металната заштитна ограда. Во незгодата на самото место починал  М.К.,  додека сопатникот во возилото М.П. (26) од с.Богородица се здобил со тешки телесни повреди и како итен случај со возило на Итна медицинска помош од Јавната здравствена установа Гевгелија бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид, се работи на целосно расчистување на случајот.

На 05.05.2018 година во 22,45 часот во Полициската станица Драчево, В.З. (42) пријавил дека неговиот 15 годишен син кој заедно со неговите двајца другари, додека седеле во „Парк на бранители“, на улицата „Бранко Заревски“, биле физички нападнати од страна три лица на возраст од околу 18 години, и со закана со нож му биле одземени еден пар очила за сонце. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 05.05.2018 година во 07,00 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово, М.Ф. пријавила дека на 05/06.05.2018 година во Куманово на улицата „Индустриска“ во фирма за производство на метална галантерија и конструкции ДОО„Филос“, непознати сторители со прекачување влегле низ отворен прозорец при што одзеле ловна пушка „Бајкал“ модел ИЗ-27, калибар 12 мм, карабин со оптички снајпер марка „Застава М-70“ калибар 8х57мм, пиштол марка „Чешка Зброевка“ калибар 9 мм и ловна пушка марка „Црвена Застава“калибар 16мм сите сопственост на Д.Ф. (64) од Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 02.05.2018 год во 07,05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје С.С.(40) вработена во Основното училише “Страшо Пинџур“ лоцирано на улицата “Лука Геров“ пријавила дека во временскиот период од 30.04 до 02.05.2018 година од страна на непознат сторител извршена била тешка кражба на една бронзена биста со ликот на Страшо Пинџур, со димензии 80 х 40 цм. при што е причинета штета од околу 66.000 денари. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 05.05.2018 година  во 18,00 часот во Секторот за внатрешни работи Битола В.Ј. (57) од с.Нижополе-битолско пријавил дека истиот ден во времето од 11,00 до 16,00 часот непознат сторител извршил тешка кражба од црквата „Свети Параскева“ во с.Нижополе, при што одзел околу 4.500 денари. Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 04.05.2018 година околу 23.35 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било приавено дека на улицата „Перо Наков“ од засега непознати причини избувнал пожар во кои се опожарени три куќи кои се наоѓале во заеднички двор, од кои две се сопственост на С.К., а третата е сопственост на А.Р. Пожарот бил локализиран од страна на Бригадата за противпожарна заштита.

На 05.05.2018 година околу 10.15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје  било пријавено дека на улицата „Лазар Поп Трајков“во подрумски простории на „Урбана Месна Заедница“, која просторија била издадена под наем на невладина организација „Кризен центар-Надеж“, од засега непознати причини избувнал пожар, при што биле опожарени ѕидови од просторијата. Пожарот е локализиран од страна на Бригадата за противпожарна заштита.

На 04.05.2018 година во 22,30 часот во Полициското одделение Петровец  Д.А.(91) пријавил дека истиот ден околу 07,00 часот во с.Катланово додека се движел кон неговата викенд куќа на стариот пат кон Велес во непосредна близина на надвозникот на реката Пчиња од страна на непознато женско лице извршена му била тешка кражба на дрзок начин при што му бил одземен еден машки златен прстен при што сторителката стекнала со противправна имотка корист од околу 30.000 денари. Оштетениот додека се движел кон до надвозникот за реката Пчиња во с.Катланово го пресретнало возило од кое излегло непознато лице на возраст од 50 до 55 години и му понудил еден прстен на продажба златна боја кој пријавителот го купил за сума од 500 денари а потоа откако лицето се вратило во возилото од истото излегло женското лице на возраст од 55 до 60 години и истата му понудила на продажба уште три прстени златна боја и една нараквица златна боја на што пријавителот одбил да ги купи бидејќи немал пари, но таа го забележала неговиот прстен на десната рака и му рекла дека сака да го види по што во еден момент му го извадила од неговиот прст и се вратила во возилото, притоа оставајќи му ги трите прстени со златна боја и нараквицата и заедно со другото лице го напуштиле местото на настанот.Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 05.05.2018 година во 12,45 часот во Полициската станица Кисела Вода А.Н.(34) пријавила дека на 04.05.2018 година околу 18,00 часот во населбата Пинтија во близина на нејзиниот дом била нападната од две кучиња-скитници и уште едно куче Лабрадор, по што едно од кучињата-скитници ја каснало за десната подколеница.

На 05.05.2018 година во 17,00 часот во Полициската станица Гази Баба И.У.(77) пријавил дека истиот ден околу 16,30 часот на улицата “Трифун Хаџи Јанев“ бил каснат од куче-скитник во пределот на левата нога.

На 05.05.2018 година во 10,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата “Перо Наков“ дошло до нарушување на јавниот ред со меѓусебна тепачка помеѓу лицата Ф.К.(27), Е.К.(25), Б.Р.(20),Б.У.(21), С.К.(40) и едно лице на возраст од 17 години од една страна, и од другата страна лицата  Ш.Р.(32), З.Р.(38), А.Р.(32) и А.Р.(30). Двете групи во тепачката користиле разни предмети. До нарушувањето на јавниот ред и мир дошло поради меѓусебно нетерпение. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

На 05.05.208 година во 19,40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Б.Т.(79)  од с.Волково -скопско и пријавил дека истиот ден  околу  17,00 часот од страна на непознато лице му била извршена измама за сума на пари од околу 13.800 денари. Сторителот откако дошол во дворот на оштетениот и започнале разговор го довел во заблуда дека бил продавач на огревно дрво и дека ќе и му донесе шест метри кубни сечени огревни дрва ако Б.Т. веднаш му исплател 13.800 денари. Потоа заедно тргнале кон село Орман каде што наводно биле дрвата. По кратко време лицето се одвоило од Б.Т. со изговор да земел пила, но тој се вратил во куќата на оштетениот и на неговата сопруга и рекол да ставела кафе и дека дрвата ќе ги донеселе со нејзиниот сопруг, ама прво да му ги дадела  парите што се договориле за дрвата. По ова сопругата на Б.Т. на лицето му ги дала парите по што истиот го напуштил местото на настанот. По извесно време Б.Т. се вратил дома а сопругата му кажала дека на лицето веќе му ги дала парите. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На  05.05.2018 година околу 19,30 часот во Полициската станица Чаир вработено лице од Домот “25-ти Мај“ достави писмено известување за двајца оддалечени штитеници од домот на 04. и 05.05. 2018 година на возраст од 13 и 14 години. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицата.