13 септември 2018

Завршна вежба за упад, спасување на заложници, неутрализирање на терористи и извлекување на ВИП личности

 

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и амбасадорот на Република Франција Кристијан Тимоние денеска во касарната во Ѓорче Петров присуствуваа на завршната вежба за упад, спасување на заложници, неутрализирање на терористи и извлекување на ВИП личности –во безбедносни рамки при терористички напад, како и на церемонијата на доделување сертификати на обуката ,,Тактики за интервенција на тимови за прв одговор - масовни убиства“, наменета за припадниците на ЕБР и ПЕП при МВР . Обуката ја спроведоа француски обучувачи- експерти од оваа област од француските ЦРС – служби и  истата е спроведена со активно учество на 20 претставници од ЕБР и ПЕП во периодот од 10-14 септември 2018 година. Еден модул на повисоко ниво на истата е предвиден за 2019 година.  По завршувањето на обуката сите учесници добија сертификати за учество и успешно завршување на истата. Францускиот Амбасадор Тимоние на крајот од церемонијата на заменик министерот Нухиу му предаде опрема за алпинистичкиот тим на ЕСЗ  од марката ПЕТЗЛ.