08 август 2018

Средба на заменик министерот Нухиу со г.Стив Мартин ОБСЕ - ОДИХР

 Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија се одржа состанок меѓу делегација на министерството предводена од заменик министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу и претставниците на Мисијата за проценка на потреби на ОБСЕ-ОДИХР за претстојниот референдум во Република Македонија предводени од г. Стив Мартин, виш советник за избори во ОДИХР.

 

Заменик Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу и вишиот советник за избори на ОБСЕ-ОДИХР кој ја предводи Мисијата за проценка на потребите за набљудување Стив Мартин, имаа можност да разговараат и да разменат информации во однос на изборниот процес односно референдум закажан за 30-ти септември, соработката на Министерството за внатрешни работи и Државната изборна комисија, особено околу ажурирањето на Избирачкиот список, како и мерките кои ги превзема Министерството за вантрешни работи да им овозможи на граѓаните непречено да ја извршат својата ѓраѓанска должност.