Mинистерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу го посети селото Дебреште

 Во рамки на проктот насловен   - “Како сте“, кој што е дел од концептот на  “Полиција во заедницата" (Community policing), односно промоција на полицијата како сервис на граѓаните, денес министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу го посети селото Дебреште во општина Долнени.  

Министерот Нухиу на средбата со жителите на Дебреште се осврна на основните постулати на полициското работење, појаснувајќи го значењето на полицијата како сервис на граѓаните.  Притоа  тој нагласи дека полицијата е и мора да биде постојано достапна за граѓаните,  за сите прашања од нејзина надлежност. Најголем дел од времето беше посветен на прашања на граѓаните од областа на управните работи при МВР, при што министерот Нухиу нагласи дека особено во делот на аплицирање за личните документи, полицијата има преземено низа активности во насока на олеснување и функционалност на процедурите, вклучително  преку постоењето на мобилни тимови за оваа намена кои  се во интерес  токму на граѓаните.

Инаку пред оваа посета, како што претходно беше информирана јавноста, министерот Нухиу го посети и селото Врбјани (општина Маврово) каде што се сретна со жителите од тој регион. Со проектот е предвидено вакви средби со граѓаните да имаат и други раководни лица во министерството за внатрешни работи