01 јули 2015

Прва регионална работилница за форензичка анализа на документи

Во периодот од 01.07. до 03.07.2015 година, во Скопје - хотел Холидеј Инн, во организација на ИНТЕРПОЛ и СИЦПА, со целосна поддршка од Министерството за внатрешни работи на Р.Македонија, се одржува првата регионална работилница за форензичка анализа на документи, на која учествуваат 30 претставници од 7 земји во регионот. Целта на работилницата е продлабочување на знаењето, вистините и способностите на експертите за испитување на спорни документи, полициските службеници за гранична контрола, полициските службеници за спроведување на истраги за фалсификувани документи, како и полициски службеници одговорни за мегународната полициска соработка.

Работилницата беше свечено отворена од страна на Помошник Директорот за криминалистичка полиција, г-дин Марјан Наковски, а потоа поздравни говори одржаа Началникот на НЦБ ИНТЕРПОЛ Скопје, г-га Бранислава Стојчевски, М-р Даниела Џидровска, криминалистички офицер во Одделот за фалсификувани и безбедносни документи, која е секондиран претставник на МВР на РМ во Генералниот Секретаријат на ИНТЕРПОЛ и Д-р Catherine Fankhauser, Директор за изработка на солуции за безбедност на идентитет и документи во рамки на швајцарската корпорација СИЦПА СА.