13 мај 2015

Oтпочна процедурата за потврдување на починатите членови од терористичката група


По завршување на обдукцијата на починатите членови на терористичката група Министерството за внатрешни работи  преку Одделот за меѓународна полициска соработка односно Бирото на ИНТЕРПОЛ-Скопје отпочна со процедурата на потврдување на идентитетот на лицата. Досега позитивно е потвден идентитетот на Мирсад Ндрецај роден 17.06.1979 од Косово таканаречен командант НАТО за кој постоеја сомненија дека е еден од лидерите на терористичката група. Пристигна позитивна потврда и на идентитетот на Бег Ризај роден 25.12.1977 од Косово познат како командатнт Бегу. Од починатите потврден и идентитетот на Нусрет Каљоши роден 18.04.1975 македонски државјанин.

Освен нив преку ИНТЕРПОЛ потврден е и идентитетот на Сами Укшини 10.10.1967 од Косово познат како Командант Соколи. Лице кое се предаде на полицијата.

Продолжува процесот на идентификација и на останатите.