ЦЕНТРАЛНИ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБИ

          Заради ефективно и економично извршување на одредени специфични и сложени полициски работи за кои е потребен висок степен на специјализација во рамките на Бирото за јавна безбедност основани се Централни полициски служби.

     Централните полициски служби ги вршат работите од областа на организираниот криминал, криминалистичко-технички работи и вештачења, работите на давање поддршка во извршувањето на одредени специфични и сложени работи на подрачјето на секторите за внатрешни работи и регионалните центри за гранични работи од страна на посебните единици на Полицијата, како и други работи и задачи.