Извадок на дел од дневни настани 02.07.2018

На 01.07.2018 година околу 15.00 часот на локален пат с.Слупчане-с.Руница, општина Липково, патничко возило „Опел Корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б. И. (30) од с.Слупчане, а со привремен престој во Швајцарија, удрило во осумгодишно дете од с.Слупчане. Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди по што било  пренесено во Општа болница Куманово, од каде, по укажаната лекарска помош, било префрлено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

На 01.07.2018 година околу 19.30 часот  на „Булевар Македонија“, кај место викано „Шумски Расадник“, во Делчево,  Т.А. (47) од с.Звегор, делчевско, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот при што се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.           

На 02.07.2018 година во 00.20 часот на регионалниот пат Неготино – Радовиш, во близина  на  полигонот  кај  с.Пепелиште, полициски службеници се обиделе да сопрат патничко возило „Опел Синтра“ со штипски регистарски ознаки. Возачот нагло  го запрел возилото и побегнал. Во наведеното возило биле откриени 12 лица од  Пакистан и шест лица од Авганистан. Бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот. Мигрантите се пренесени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка.  За настанот е известен Јавен обвинител.

На 01.07.2018 година во 15.20 часот во Центарот за известување и команда Битола, од Територијалната противпожарна единица Прилеп бил пријавен пожар во викендица и штала лоцирана во близина на А.Д. „Црн Бор“-Прилеп, сопственост на Б.Т. (75) од Прилеп. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп.  Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

На 01.07.2018 година околу 16.15 часот во СВР-Велес, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 16.00 часот на ул. „Благој Ѓорев“ било пронајдено тело на непознато машко лице. По наредба на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес, а телото на починатиот било испратено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција. Утврден е идентитетот на починатиот, се работи за З.С. (53) од Велес.
 
На 01.07.2018 година во 20.45 часот во СВР Битола, од  Итна медицинска помош Битола било пријавено дека во куќа во с.Кукуречани има починато лице. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола и било утврдено дека се работи за лицето Б.Р. (75) од истото село. По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатата ќе се врши обдукција.

На 01.07.2018година во 14.15 часот во нива, поточно во каналот за наводнување во атар на с.Калишта, струшко, на место викано „Фазлица“, била пронајдена кумулативна мина за ракетен фрлач. Увид на  местото извршила увидна екипа на Полициската станица Струга. Од страна на вработен во Дирекцијата за заштита и спасување мината била безбедно подигната.

На 01.07.2018 година во 23.45 часот на ул. „Васко Карангелески“ во Битола, пред влезот на домот за доенчиња, З.Б. (50) од Битола пронашол женско бебе на возраст од околу една недела. За случајот бил известен Центарот за социјални работи Битола. Социјален работник излегол на местото и извршил разговор со З.Б., а  новороденчето било оставено во домот за доенчиња. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.                                           

На 01.07.2018 година во 10.40 часот, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела на територијата на Република Македонија, казниво по член 235 од Кривичниот законик на Република Македонија, полициски службеници го лишиле од слобода А.Д. (40) од Прешево, Република Србија. Во 11.40 часот тој бил предаден во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

На 02.07.2018 година во 03.00 часот на Граничен премин „ Долно Блаце“, при пасошка контрола, било констатирано дека патничкото возило „БМВ“ со австриски национални ознаки, кое го управувал A.E. (24) од Братислава, Република Словачка, се бара поради сторен сообраќаен прекршок и незастанување на даден знак „СТОП“.  Тој бил приведен и во 05.45 часот бил предаден  на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Во текот на изминатите денови (29 и 30.06. и 01.07.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 24 сообраќајни незгоди од кои 10 со телесни повреди и 14 со материјална штета. 301 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 59 возачи бидејќи пет го управувале возилото под дејство на алкохол, 42 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 12 биле возачи почетници. 40 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Исто така санкционирани се шест возачи кои поминале на црвено светло, четворица не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно се престориле, двајца непаравилно престигнувале и 18 не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкционирани се 10 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и шест кои поминале на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 146 мандатни платни налози,  додека исто така 103 возила се подигнати со "Пајак".

На 01.07.2018 година околу 15.50 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Рија“ со тетовски регистарски ознаки, управуван без дозвола од 16-годишно лице од Тетово и мотоцикл „Сузуки“, управуван од А.М.(24) од село Мала Речица, тетовско. По незгодата, двајцата мотоциклисти со други возила биле пренесени во тетовската клиничка болница. На А.М. му биле констатирани тешки телесни повреди и бил пренесен на скопските клиники, додека малолетникот по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.  

На 01.07.2018 година околу 09.30 часот, на локалниот пат што води кон гостиварската депонија „Русино“ мотоцикл „Гланц“, што без дозвола го управувал 17-годишник од Гостивар, изгубил контрола и излетал од коловозот. На повредениот возач му е укажана лекарска помош во гостиварската oпшта болница „Ферид Мурат“  каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Сопатникот на мотоциклот, С.П.(19) од Гостивар, исто така, се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош бил префрлен на скопските клиники. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.  
                      
На 01.07.2018 година на патот Прилеп-Битола дошло до судир помеѓу мотоцикл „Јамаха” без регистарски ознаки, управуван од К.И.(30) од Битола и патничко возило „Голф” со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(64) од Радовиш. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека совозачот се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница Прилеп.

На 01.07.2018 година во 14.00 часот во Полициската станица Гази Баба, В.М. од Скопје пријавил дека во периодот од 22.00 часот на 30.06.2018година до 06.00 часот на 01.07.2018 година, непознат сторител фрлил запалива материја кон магацински простор во негова сопственост, лоциран во место викано „Орман“ - катастарска општина Идризово, при што објектот целосно изгорел. Извршен е увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.07.2018 година во 16,30 часот во Скопје, на улица “Димо Хаџи Димов“, 17 годишно лице од Скопје, му упатувал закани по животот на Г.З.(37), по што со нож, се обидел физички да го нападне со ножот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

На 01.07.2018 година во 14,05 часот во Полициската станица Центар В.Т.(32) пријавил дека истиот ден во времето од 12,45 до 13,15 часот на улица “Народен фронт“ од страна на непознато лице било одземено  патничко моторно возило “Пежо Партнер“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 01.07.2018 година во 18,15 часот во Полициската станица Центар И.С.(47) пријавил дека истиот ден околу 00,30 часот на улица “Луј Пастер“ неговиот 17 годишен син бил физички нападнат од група на лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 01.07.2018 година во 14,25 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Клиниката за гинекологија бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Б.С.(51) и С.С.(33) од една страна и А.А.(30) и А.С.(27) од друга страна разменувајќи  си  удари  со раце и  нозе во пределот на главата и телото. Сочинети се четири записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 01.07.2018 година во 06,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Т.Ш.(42) пријавил дека истиот ден околу 05,20 часот на улица “Венјамин Мачуковски“ во угостителски објект бил  физички  нападнат од страна на две лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 01.07.2018 година во 11,50 часот во Полициската станица Аеродром Т.М.(67) пријавил дека на 30.06.2018 година околу 19,30 часот додека се движел по булевар “Јане Сандански“ бил нападнат од куче-скитник кое го каснало во пределот на левата надколеница при што му била нанесена телесна повреда.

На 01.07.2018 година во Полициската станица Чаир И.И.(36) вработен како социјален работник во Домот “25-ти Мај“ пријави дека на 30.06.2018 година од домот во непознат правец се оддалечила 14 годишна штитеничка од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.    

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „Насилство“. На 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ пријавените физички го нападнале Н.С., по што бил пренесен во Клинички центар “Мајка Тереза“ Скопје. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот биле лишени од слобода.
    
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.К.(37) од Гостивар, за сторени кривични дела ,,Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „Загрозување на сигурноста“.  На 27.06.2018 година околу 11,25 часот, во Гостивар, на улица „Илинденска“, пријавениот, од патничко возило, со пиштол упатил закани по животот кон  вработен во агенцијата за приватно обезбедување кој вршел обиколка на објектите што ги обезбедува агенцијата. По ова, околу 12,50 часот во Гостивар на улица ,,Мара Угриноска“, при преземање на службени дејствија за приведување на Д.К., истиот физички нападнал двајца полициски службеници. Д.К. е  приведен, а при претрес во патничкото возило бил пронајден и одземен пиштол ,,SHUANG WEI c18“. Од страна на Основен суд Гостивар на пријавениот му била изречена мерка притвор во траење од осум дена.

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против   И.К.(27), Ф.Х.(42), Џ.И.(29) и Ф.Ш.(36), сите од Радовиш за сторено кривично дело „Кражба“. На 13.06.2018 година околу 17,00 часот на патот од планина „Плачковица“ кон Радовиш, од страна на полициски службеници, при преглед на патнички возила, управувани од прво и четвртопријавениот, а  второ и третопријавениот како совозачи, биле пронајдени и одземени дабови дрва, за кои  лицата не поседувале соодветна документација.