Извадок од дневните настани 20.11.2017

На 19.11.2017 година во 18,20 часот пријавено e дека во Скопје на бул.“Партизански Одреди“ од страна на две непознати лица со закана со нож било извршено разбојништво над П.П.(19) при што му биле одземени 300 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 19.11.2017 година околу 18,45 часот пријавено e дека во Скопје на бул.„Партизански Одреди“ на автобуска постојка пред Трговскиот Центар „Алуминка“, од страна на две непознати лица со закана со нож било извршено разбојништво над А.Т. (19) и уште едно 17- годишно лице при што и на двајцата им биле одземени по 200 денари и часовник. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
                                         
На 19.11.2017 година во 21,15 часоt пријавено e дека во Скопје во спортска обложувалница лоцирана во Трговскиот Центар“Лептокарија“ непознато лице со закана со пиштол од вработените одзелo околу 30.000 денари, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 20.11.2017 година околу 04,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Велешта на место викано „Мороишки Мост“ три непознати маскирани лица од кои две вооружени со пиштоли, извршиле разбојништо над двајца вработени  во бензинска пумпа. Тие на вработените им ги одзеле чантите во кои имало 32.400 денари, пари од дневниот промет, по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 19.11.2017 година околу 06,00 часот на автопатот Гостивар-Тетово на излезот од с.Жеровјане, од засега неутврдени причини, настанал пожар во ноќен клуб  „Ориентал“, при што бил опожарен инвентарот, а од чадот било направено оштетување на ѕидовите во внатрешноста на објектот. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица-Тетово. Објектот бил затворен и иако сопственикот не барал да се изврши увид, по претходно добиено овластување и инструкциии од надлежен Јавен обвинител при Основното Јавно Обвинителство-Тетово, од страна на увидна екипа од СВР-Тетово бил извршен увид на местото на настанот. Причинета била материјална штета од околу 3.000.000 денари. СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

На 19.11.2017 година околу 16,30 часот од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“-Скопје било пријавено дека кај нив бил донесен Д.М.(22) од с.Трубарево, кој се здобил со убодна рана од остар предмет на левата страна од градниот кош. Имено, Д.М. на ул.“Кеј 13-ти Ноември“ бил физички нападнат од страна на две непознати лица, а едното од нив употребило нож, со кој го прободел Д.М.. Од страна на лекар констатирани му биле телесни повреди и истиот бил пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 19.11.2017 година околу  20,45 часот било пријавено дека во Скопје на кејот на реката Вардар, В.Ј.М.(19) и А.Г.(18) биле физички нападнати од поголема група на лица облечени во дуксери со капуљачи кои по нападот го напуштиле местото на настанот. Повредените лица со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “Наум Охридски“, каде било утврдено дека истите се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.   

На  19.11.2017 година во 20,40 часот во ПС-Тетово, Џ.Ш. (45) од с.Џепчиште- тетовско, пријавил дека на 18.11.2017 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата 17 годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојката.

На 18.11.2017 година околу 19.00 часот во с.Пирок, тетовско, од слобода бил лишен В.Т. (44) од Гостивар. Тој со патничко возило „Шкода Октавија“ со гостиварски регистарски ознаки, во алкохолизирана состојба, излетал од коловозот и удрил во метален столб од електрично осветлување. Истиот ден возилото  било пријавено за одземено на ул. „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар.  По целосно документирање и расчистување на случајот, против В.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 18.11.2017 год во 21.20 лицето О.Ј. (40) од Турција пријавил дека на 17.11.2017 година околу 11.30 часот на бул. „Крсте Мисирков“ бил ограбен од непознат сторител. О.Ј. стоел пред аптека, а сторителот искористил момент на невнимание и од неговата чанта одзел паричник во кој имало 220 евра , 500 турски лири и повеќе лични документи, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 19.11.2017 година околу 17.00 часот било пријавено дека во студентски дом „Гоце Делчев“, лицето М.Ѓ. физички ја малтретирал  Д.Т. (21) од Радовиш. Тој ја заклучил во соба, ја влечел за рака, ја горел со цигара и и упатил повеќе навредливи зборови. Притоа, Д.Т. се здобила со изгореница на десната рака. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 19.11.2017   година во 16.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Н. (59) од Скопје пријавила дека во периодот од 19.00 часот на 12.11 до 10.00 часот на 19.11.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во нејзината куќа во изградба во с.Волково, скопско. Сторителот насилно влегол во куќата и одзел една бормашина, две хилти, моторна пила за сечење дрва, околу 3 кг. бакарни цевки, три котора ПВЦ кабли, едно куќиште и еден монитор за компјутер и разновиден алат. Откако го извршил делото, сторителот побегнал во непознат правец, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 80.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 20.11.2017 година во 02.10 часот З.Н. (48) пријавил дека истиот ден околу 01.00 часот непознат сторител му одзел возило марка „Мерцедес 200“ со бугарски национални ознаки. Во возилото имало лични документи, документи за возилото, сет клучеви  и бормашина. Сторителот го забележал З.Н. дека влегува во пекара, влегол во возилото, го стартувал со клучевите кои биле оставени на бравата и се упатил во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот.

На 17.11.2017 година во СВР-Скопје, пријавено е дека во Ургентниот Центар 36- годишна скопјанка го донела своето осум годишно дете со наводно објаснување дека детето било злоставувано од неговиот татко. Од страна на полициски службеници извршени се разговори, врз детето е извршен лекарски преглед и констатирано е дека нема повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

НК КР Прилеп поднесе кривична пријава против С.А.(18) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „полов напад на дете кое не наполнило 14 години“. Пријавениот на 05.11.2017 година, по претходен договор со 12 годишно девојче, избегале да живеат заедно без знаење на нивните родители.

СВР Охрид  поднесе кривична пријава против М.Џ. (71) од  Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “бесправно градење“ и “поднесување лажни докази“. Пријавената во текот на 2017 година во Охрид , во населба Елешец, како сопственик и инвеститор, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, изградила семејна куќа, за што во управна постапка при поднесување на  барање за легализација на бесправно изграден објект, дала изјава,  заверена кај нотар, дека објектот е изграден во 2010 година. Во врска со барањето за легализација,  службени лица при Општина Охрид  констатирале дека постои започнат објект, на кој што и биле поставени само бетонско армирани столбови.

СВР Куманово  поднесе кривична пријава против  М.О.(35) од село Матејче, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “измама“ и „фалсификување исправа“. Пријавениот,  изготвил  лажна исправа – Британска виза, која што ја внел во патната исправа на Л.А. (18) од Урошевац- Косово, за што Љ.А. му исплатил 2500 евра.