Извадок на дел од дневните настани 13.11.2017

 На 12.11.2017 година во точно неутврдено време на автопатот-обиколница на град Скопје во непосредна близина на надвозник за с. Арачиново, се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи возило, удрило во пешак коj починал на лице место, по што лицето со возилото го напуштило местото на настанот. Од екипа при итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето-возач и возилото.

На 12.11.2017 година околу 17,20 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, на 6500м од Кукуречанска раскрсница, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Голф“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Г.Б.(31) од Прилеп,  возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки управувано од С.Т.(35) од с.Граешница-Битола и возило „Ауди А3“ со битолски регистарски ознаки управувано од Т.В.(19) од Битола. Во незгодата на лице место починал возачот С.Т., а смртта е констатирана од страна на лекар од итна медицинска помош. По наредба на јавен  обвинител, телото е предадено за обдукција. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Г. (фрактура на нос и потрес на мозок), кој е пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Битола и 11 годишно дете од с.Граешница-Битола (потрес на мозок и исеченици на главата), а додека со телесни повреди се здобиле Ф.Т.(59) од с.Граешница и 7 годишно дете од истото село. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Битола.           

На 12.11.2017 година во 17,40 часот во Прилеп на ул.„Александар Македонски“, И.В.(28) од Прилеп, управувајќи возило „Хонда Цивик“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски ѕид, го срушил ѕидот и влегол во двор на куќа, по што удрил во паркирано возило „Дачија Дастер“, при што починал на лице место. Смртта е констатирана од екипа на итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица -Прилеп.

На 12.11.2017 година во 21.40 часот во Скопје на ул.„Ресенска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Смарт“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Т. и возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ш.М.(22) од с.Арачиново. Во незгодата М.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани од лекар од Градска општа болница „8-ми Септември“, истата е во животна опасност, а додека Ш.М. се здобил со телесни повреди и е задржан на лекување. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.

На 12.11.2017 година околу 03,15 часот во Тетово на ул.„Иво Рибар Лола“ пред угостителски објект врз Д.К.(25), П.О.(18) и Е.Џ.(23), сите од Тетово, извршено е насилство од страна на десетина лица, на тој начин што физички ги нападнале удирајќи ги со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, при што се здобиле со видливи повреди (крвни подливи, црвенила), додека Д.К. се здобил и со расекотина на устата и расекотина на левата аркада. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

На 12.11.2017 година во 09,00 часот случаен минувач, пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје имало машко лице кој имал повреда на главата и обилно крварел. Констатирано е дека се работи за Т.С.(30) с.Долно Соње-Скопје кај кого се констатирани тешки телесни повреди (скршеница на череп) и бил пренесен во Ургентен центар-Мајка Тереза за укажување на лекарска помош. По кажување на повредениот, повредите ги здобил од брат му кој го удрил со тапиот дел од секирата. Предметот е пронајден во нивната семејна куќа. Се работи на целосно расчистување на случајот. 

На 12.11.2017 година околу 12.30 часот на автобуска постојка на ул. „Босна и Херцеговина“ Ј.Р. (19) од Скопје пријавил дека физички бил нападнат од страна на повеќе непознати лица. Тие го удриле со камен во пределот на лицето со што се здобил со видлива повреда. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 12.11.2017 година во 04.00 часот, З.Л. (61) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 03.15 часот на крстосницата на ул. „Владимир Комаров“ со бул. „Јане Сандански“ физички бил нападнат од непознато лице. Тој, додека се движел со такси возило, во еден момент патничко возило „Рено -5“ со непозната реигстарска ознака му го попречило патот и се паркирало пред неговото возило. Од возилото излегло  непознато лице, се доближило до возилото, ја отворило вратата од возилото и  во еден момент со тупаница го удрил во пределот на брадата, од што се здобил со видлива повреда.   Другото непознато лице  со нога удирало по вратите од возилото. З.Л., во еден момент успеал да им побегне на напаѓачите. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 12.11.2017 година околу 14.30 часот во Полициското одделение Жеровјане, СВР Тетово, сам се пријавил Л.С. (37) од с.Чегране, кој се сомничи за „убиство во обид“, кое било пријавено претходниот ден околу 15.30 часот. Тој се сомничи дека по расправија на нива во атарот на с.Неготино, со огнено оружје пукал и во десната дланка го ранил Е.Е (33) од с.Неготино, кој  ги напасувал овците. По целосно расчистување на случaјот, против Л.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.11.2017 година, П.Б. (69) од с.Дебреше, гостиварско, пријавил дека непознати сторители во периодот од 5 до 12.11.2017 се обиделе да извршат тешка кражба во црквата „Свети Ѓорѓија“. Сторителите го скршиле и одзеле катинарот, ја оштетиле и металната лајсна од влезната врата, но не успеале да ја отворат и да влезат внатре во објектот, со што причиниле само материјална штета. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

На 12.11.2017 година околу 15,00 часот во атар на с.Габревци-Радовиш,  на м.в.„Казан дол“, П.М.(66) од с.Ракитец-Радовиш, при излегување од возило каде вршеле лов, дошло до испукување на неговата ловна пушка „Застава М-75“ калибар 16мм, која ја поседувал со одобрение, при што се здобил со прострелна рана во пределот на левата дланка. Истиот со возило на итна медицинска помош е пренесен во Медицински центар -Штип, од каде е префрлен во Ургентен центар-Скопје.

На 12.11.2017 година во 14,30 часот во Куманово на патниот правец од с.Слупчане кон с.Алашевце на м.в.Борово при собирање на шишарки, Ќ.Р.(55) од с.Ваксинце пронашол неексплодирана мина од минофрлач 66мм, која најверојатно потекнува од 2001 година. Увид на лице место извршила екипа при СВР-Куманово, во содејство со екипа од Антитероризам и истата е подигната од лице место за понатамошна постапка. Известена е и Дирекција за заштита и спасување..

На 12.11.2017 година околу 19.00 часот во Скопје, на ул.„Цветан Димов“ во влез од зграда, четири малолетни лица на возраст од 14-15 години со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над 15- годишен ученик во средно училиште „Михајло Пупин“, при што му се одземени 500 ден. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

На 12.11.2017 година со Решение за привремено задржување на странец во Прифатен центар, сместен е Д.А.(26) година, државјанин на Руската Федерација. Имено, Д.А. на 09.11.2017 година од страна на неговата мајка Д.К. во Полициска станица -Бит Пазар е пријавен како исчезнато лице. По превземените мерки од страна на Полициската станица Бит Пазар, на 12.11.2017 година лицето е пронајдено без документи за идентификација и привремено е сместено во Прифатниот центар за странци до обезбедување на валидна патна исправа за враќање во матичната земја.

На 12.11.2017 година во 19,40 часот на Граничен премин -Табановце, на излез од РМ, поради сомнение за фалсификувана патна исправа, приведен е и задржан Х.Р.(27) од Р.Албанија, носител на албанска патна исправа. При увид во патната исправа од страна на полициски службеници, констатирано дека е фалсификувана односно намерно се преправани два штембили на страница бр.5. Во 21,30 часот лицето е предадено на СВР Куманово за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство во Радовиш, поднесе кривична пријава против: Г.К. (47)  и A.K (28)  и двајцата од Радовиш, поради постоење на основано сомневање дека првопријавениот сторил кривично дело - “несовесно работење во службата“ а второпријавениот - “злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено во КЗ на РМ. Имено на 20.10.2017 година, во 12,30 часот, при вршење контрола од страна на сообраќајна полиција во координација со НК за КР Радовиш на регионалниот пат Р-1310 во с. Раклиш, било запрено ПМВ марка „Ивеко“ сопственост на правно лице од Радовиш. Од извршената контрола било констатирано дека возилото го управува А.К. инаку вработен како командир на одделение - раководител на смена во ТППЕ Радовиш, кој во тој момент превезувал петмина патници – наставници. Бидејќи А.К. е вработен во ТППЕ Радовиш извршен е увид во  месечниот и дневниот распоред за работа како и во книгата за дневни настани, при што било констатирано дека А.К. наведениот ден и време со распоред на работа  бил ангажиран од 07,00 часот до 19,00 часот, а напуштањето на работното место од страна на неговиот надлежен Г.К. - командир на вод во ТППЕ Радовиш - не било  евидентирано. За вршењето на превозот А.К од страна на градоначалникот на Општина Радовиш имал добиено согласоност во писмена форма  за склучување договор за работа кај друг работодавач на неполно работно време најмногу до 10 часа неделно. Од увидот во евиденциите било констатирано дека А.К иако бил работно ангажиран во ТППЕ Радовиш, во повеќе наврати вршел превоз на патници за кој превоз месечно му се исплаќале по 3.000 денари по основ на вршење дополнителна дејност. Ваквото отсуство од работа од страна на Г.К. како непосреден старешина во ниту еден случај не било евидентирано, нити укажано дека А.К го напушта работното место за да врши дополнителна дејност. По целосно расветлување и документирање на настанот од страна на НК за КР Радовиш изготвена е кривична пријава и доставена  во ОЈО-Радовиш.

СВР Скопје поднесе кривична пријава  против  Г.П. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,разбојничка кражба“. Пријавениот на 12.07.2017 година, во Скопје, во близина на Универзалната сала, физички ја нападнал С.М. (44), со која претходно бил во лубовна врска, при што и ја зел чантата, во којашто имало 3.400 денари, мобилен телефон,  женски несесер и лични документи .

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.Б. (43), А.П. (48), М.А. (31), В.Р. (50), А.Б. (24), М.А. (26), сите од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“. На  29.10.2017 година околу 12.30 часот кај с. Трапчин Дол, кичевско, вербалната расправија  помеѓу првопријавениот и второпријавениот прераснала во тепачка,  во којашто останатите пријавени го нападнале второпријавениот, при што му нанеле тешки телесни повреди.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ш.Ј. (56) од с. Зајас поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“. Ш.Ј., наставник во општинско средно училиште „Дрита“ во  Кичево,  на 31.10.2017 година  во 10.00 часот,  во канцеларијата на  директорот, после вербална расправија, му се заканил дека ќе го убие со пиштол,  доколку не го реши неговиот проблем.   

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе  кривична пријава против З.Т. (50) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот на  13.09.2017 година, како градоначалник на општина Свети Николе,  на шефот на возниот парк  му наредил на трошок на општина Свети Николе да наточи 48 литри еуродизел гориво во возило сопственост на  таткото на пријавениот и 10 литри  за потребите на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а при  плаќањето со „Верна“ картичка, регистрирана на Општина Свети Николе да прикаже дека 58,3 литри еуродизел гориво, било наточено во автобусот сопственост на општина Свети Николе.

Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против П.К. (43)  од с.Мрзенци, гевгелиско, поради постоење онови на сомнение за сторенo кривичнo делo ,,злоупотреба на службена положба и овластување’’. На 15.06.2017 година П.К., како раководител на Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина  при општина Гевгелија, решавал по предлог за повторување на постапка од 23.12.2016 година поднесен од К.М., при што изготвил и донел Решение за огласување на ништовно Решението, за огласување за ништовно Решението за утврдување на правен статус на бесправен објект и изготвил и донел Заклучок за исправка на техничка грешка, според Законот за општата управна постапка  што не бил  во важност. Потоа,  применил  одредби од Законот за измени и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, коишто не се основ за повторување на постапката и го прифатил предлогот за повторување на постапката.     

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.М. (44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против Н.Н. (69) од  с. Трново, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“  во врска со „употреба на исправа со невистинита содржина“.  Г.М. на 06.02.2015 година извршил регистрација на товарно возило „Мазда“, сопственост на Н.Н. и покрај тоа што возилото не ги исполнувало пропишаните норми и стандарди. Н.Н. на првопријавениот му приложил Потврда за пријавен престој во Косово, во којашто било наведено дека второпријавениот престојувал во странство од 09.12.2014 година до 18.12.2014 година. Потоа, првопријавениот ја изменил потврдата и навел дека  се однесува на временскиот период од 09.12.2013 година до 18.12.2014 година по што потврдата ја приложил во Бирото за метеорологија при Министерство за економија на Република Македонија.

 

На 11.11.2017 година во 13.30 часот во ПС-Гази Баба, M. П. од Скопје, пријавила дека на 10.11.2017 година околу 12,30 часот, нејзината малолетна ќерка Ј. П., повикала 24 годишно лице од Скопје (познаник на нејзината постара сестра) да се сретнат во близина на “Веро Џамбо“. Откако се сретнале, според пријавителката, лицето ја однело малолетничката прво под мостот на Вардар, а потоа малолетничката прифатила да ја однесе кај него дома во една скопска населба. Таму во дворот од неговата куќа ја сместил во неисправно комбе и, како што посочила пријавителката, лицето почнало да ја допира по телото и се обидел да има сексуален однос со неа. Наводно малолетничката се спротивставила, по што лицето и го одзело мобилниот телефон и цела ноќ ја држело во комбето. Наредниот ден (11.11.) околу 07,00 малолетничката се јавила дома и им кажала на родителите дека се наоѓала на меѓуградската автобуска станица. По примената пријава од страна на полициски службеници преземни се мерки за расчистување на случајот. Притоа, извршен е разговор со малолетното лице, за кое е евидентирано дека постоела и пријава за нејзино исчезнување од дома (на 10.11.) од страна на нејзиниот татко Б.П. Во разговорот  малолетничката изјавила дека поради расправија дома го побарала лицето за да преноќи кај него и дека немало сексуален контакт, освен “бакнување“ и “допирање по градите“. Исто така обезбедено е и лицето кај кое престојувала малолетничката кое го потврдило истото. Направено е и медицинско вештачење. По извршените разговори од страна на ЈО дадени се насоки да се поднесе кривична пријава за “полов напад врз малолетно лице без сексуален однос“ по редовна постапка.