Извадок од дневните настани 02.10.2017

На 01.10.2017 година околу 15,20 часот во Скопје, на кејот на реката Вардар бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу навивачките групи на ФК“Вардар“ и ФК“Шкупи“. По превземени мерки од страна на Единицата Алфа и полициски службеници од Единицата за јавен ред и мир во ПС Центар биле приведени 15 лица и по извршениот разговор биле поднесени 15 платни налози за констатиран прекршок по член 3 став 1 алинеја 7, а казнив по член 13 од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.                              

  На 01.10.2017 година околу 12,10 часот во с.Шупли Камен-кумановско, додека С.Т.(56) и неговата сопруга В.П.(58) од Куманово, биле во дворот од нивната викендица, дошло непознато лице кое со закана со пиштол го внел С.Т. во викендицата, по што му ги врзал рацете и нозете со самолеплива лента. Потоа, одзел паричник кој бил на масата и во кој имало 300 денари и лични документи,  два мобилни телефони, а на крајот го одзел и нивното возило “Опел астра“ (во кое имало паричник со околу 500 денари и лични документи) по што го напуштил местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето како и целосно расчистување на случајот.

На 01.10.2017 година околу 20,10 часот било пријавено во СВР- Скопје дека на ул.„Исаија Маџовски“ во обложувалница непознато лице со закана со пиштол извршило разбојништво и од вработените го одзело дневниот промет. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето како и целосно расчистување на случајот.

На 01.10.2017 година во 20,30 часот во Скопје на бул.„Партизански Одреди“ полициски службеници при извршување на работни задачи сопреле патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистерски таблици. Лицето кое го управувало возилото не сакало да даде на увид лични и сообраќајни документи за идентификација, по што два пати го удрил со рака едниот од полициските службеници. По ова лицето било приведено во ПС Кисела Вода, каде било утврдено дека се работи за А.А.(24) од Скопје. По целосно расчистување и документирање на настанот против истиот ке биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.10.2017 година во 17,30 часот во Скопје на бул.„Крсте Мисирков“ на автобуска постојка, од страна на неколку непознати лица физички биле нападнати М.С.(20)  и Б.С.(19) и двајцата од с.Мирковци, по што го напаѓачите го напуштиле местото на настанот. На повредените им е укажана медицинска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде првично им се констатирани телесни повреди. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 01.10.2017 година во СВР-Скопје, било пријавено дека на 30.09/01.10.2017 година во времето од 23,00 до 11,00 часот на  ул.„Тале Христов“ од страна на непознати лица извршено било оштетување на партиски  штаб на политичката партија “БЕСА“, при што со тврд предмет биле скршени две изложни стакла и искинати шест плакати. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 21,15 часот во СВР-Битола било пријавено дека на ул.„Црвени Стени“ било скршено стакло на влезната врата од месна канцеларија на политичката партија “ВМРО-ДПМНЕ“. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.10.2017 година во 11,50 часот на магистралниот пат Кочани–Штип во непосредна близина на излезот од с.Чардаклија кон Кочани, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Тојота Ајго“ со штипски регистерски таблици управувано од Ј.Г.(76) од с.Карбинци, удрило во сообраќаен знак и се превртело во блискиот канал за вода. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Г. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката Болница во Штип, каде бил задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 01.10.2017 година во 14,50 часот на спортскиот аеродром „Аџитепе“ во Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Сузуки“ со гостиварски регистерски таблици управуван од Б.Т.(33) од Скопје и моторцикл „Јамаха ИТ5“ со скопски регистерски таблици управуван од М.Н. (19) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.Т. додека М.Н. се здобил со телесни повреди. На истите им била укажана лекарска помош во Општата болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Б. (29) од Р.Турција, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по чл.215 од КЗ на Р.Македонија. Имено пријавениот во текот на септември годинава од засега непознато лице од Охрид за сума од 50 евра, набавил наркотична дрога - марихуана, која ја препакувал во помали паковки што потоа ги продавал на уживатели од Скопје. На 27.09.2017 година во 12,30 часот од полициски службеници постапувајќи по судска наредба го затекнале Ф.Б. во стан на ул.“Казанџиска“, при што во една од просториите откриени биле три тегли со марихуана и една паковка со марихуана. Пронајдените предмети биле одземени и со наредба од ОЈО-Скопје биле предадени на вештачење кое утврдило дека пронајдената марихуана е со вкупна нето маса од 25,18 грама. Пријавениот Ф.Б. е лишен од слобода и со истиот бил извршен разговор во кој што тој го појаснил начинот на купопродажба на наркотичната дрога.
ПС Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Т. (58) од с.Сирково и М.Т.(59) од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено  кривично дело „кражба“. На 31.08. годинава, во близина на месноста “Капинешка река“, помеѓу селата Сирково и Камен дол–Општина Росоман, пријавените од туѓа шума, со моторна пила, одзеле два просторни метри огревни дрва – брест, ги натовариле и ги однеле во дворот на првопријавениот во с.Сирково, причинувајќи штета од околу 12.000 денари. Исто така при извршениот претрес во помошните простории во дворот од куќата на Д.Т., биле пронајдени и одземени четири просторни метри брестови огревни дрва, два просторни метра дабови дрва, 1,5 метар кубен труп од топола, половина кубик ореово дрво. Проценетата материјална штета е во висина од околу 55.000 денари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М. (35) од  с.Доброште-тетовско поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба’’ . Во периодот од 2015 до 2017 година пријавениот откако му ја одзел картичката од банкоматот на Ј.Х.(79) од с.Орашје-тетовско, од трансакциона сметка на оштетениот одзел вкупно 1.814.250 денари.