Извадок од дневните настани 18.03.2017

На 17.03.2017 година во 18,20 часот во ЕИК, Г.Н. (20) од с. Арачиново, пријавил дека истиот ден околу 17,30 часот во дворот од семејната куќа три непознати лица дошле пред неговата куќа (во која што во тоа време, покрај него биле уште и неговата мајка, брат и сестра). Лицата почнале да тропаат на вратата од дворот од куќата и да извикуваат погрдни зборови, а потоа, ја отвориле портата и едниот од нив, вооружен со пиштол, влегол во дворот и испукал два куршума во воздух. Г.Н. истрчал од домот во дворот од куќата и затекнал непознато лице, кое што во раката држело пиштол вперен кон куќата, а забележал и други лица кои се обидувале да го извлечат вооружениот надвор од дворот. Потоа, лицата влегле во возило, а кога Г.Н. се поткачил на ѕиданата ограда од дворот вооруженото лице кое што седело на возачкото седиште низ отворениот прозорец испукал еден куршум во правец на пријавителот. Набргу по настанот, Г.Н. излегол од дома и движејќи се пеш околу 19,00 часот, го забележал истото возило (во коешто биле сите трите лица) како повторно поминува пред неговата куќа. Притоа, не застанувајќи пред куќата, некој од сторителите испукал, најверојатно, во воздух уште неколку куршуми, а веднаш потоа, движејќи се со возилото повторно во правец на главната улица, се оддалечиле во непознат правец. Увид  на лице место извршила увидна екипа на СВР-Скопје, а од лице место подигнати се три чаури. Се работи на целосно расчистување на случајот.
    
На 17.03.2017 година околу 15,10 часот во Кочани, на м.в.„Костин дол“, атар на с.Пресека, настанал пожар при што биле зафатени 60 хектари на кој имало дабова шума, смрека и овоштарник. Повредени лица нема. Увид ке се врши во текот на 18.03.2017 година.
    
На 17.03.2017 година во 17,00 часот во ПС-Струга, А.Ц. (27) од с.Октиси, пријавил дека истиот ден околу 09,30 часот од неговиот дуќан во непознат правец се оддалечил неговиот татко А.Ц. (55). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 17.03.2017 година околу 15,40 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум,  случена е сообраќајна незгода помеѓу ТМВ “Фиат Фиорино“ со охридски регистерски ознаки управувано од М.Н. (42) од с.Шипокно-охридско и велосипед управуван од Б.И. (52) од нас. Св.Стефан. Во незгодата Б.И се здобил со тешки телесни повреди (внатрешно крварење во главата), каде по укажаната лекарска помош во ОБ-Охрид, поради сериозноста на повредите истиот бил пренесен во КЦ-Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 18.03.2017 година во 01,20 часот на магистралниот пат Кочани-Штип, случена е сообраќајна незгода во која С.А. (27) од Неготино, управувајќи ПМВ „Сеад Ибица“со неготински регистерски ознаки изгубил контрола над истото и се превртело. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.С. (20) од с.Стромош, по што во ЈЗУ-Штип и била укажаната лекарска помош и била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 09.03.2017 година во периодот од 16.00 до 20.00 часот во Скопје, Крушево, Демир Хисар, Кавадарци, Неготино, Велес, Охрид, с.Лескоец-охридско, Македонска Каменица, Берово, Кочани, Радовиш, Крива Паланка, Куманово, Кичево, Прилеп, Македонски Брод, Делчево, Пехчево, Свети Николе, Штип, Битола, Пробиштип, Виница, о.Зрновце-Кочани, Струмица, Ново Село, Нов Дојран, Босилово, Богданци, Гевгелија, Валандово и Ресен во организација на граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ се одржале протестни маршеви. Граѓаните кои се собрале се движеле низ улиците во наведените градови и места. За време на собирите немало нарушувања на јавниот ред и мир.