Извадок од дневните настани 17.02.2017

На 16.02.2017 година околу 22.45 часот во Тетово на ул. „Маршал Тито“ во спортска обложувалница две непознати лица, од кои едното маскирано, извршиле разбојништво над вработениот. Сторителите пред настанот биле во обложувалницата и гледале фудбал, а по затворањето излегле надвор. После пет минути се вратиле и со закана со пиштол одзеле неутврдена сума на пари, по што побегнале од местото. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

На 16.02.2017 година во 18.30 часот од Ургентен центар Скопје во ЕИК Скопје било пријавено дека во ГУЦ „Здравко Цветковски“, на час по Историја, на ученичката А.А. (18) од Скопје во еден момент и се слошило, по што паднала од столчето. По неуспешниот обид од професорите да ја освестат била повикана Итна медицинска помош, кои се обиделе да ја реанимираат, но не успеале. После тоа истата била пренесена во Ургентен центар каде од страна на лекар била констатирана смрт.

 

На 16.02.2017 година во 11.20 часот во ПО Ропотово, Р.Ш. (46) од с.Дебреште пријавил дека при ископ на земјиште за градба на верски објект, наспроти ОУ„Вера Циривири-Трена“, била пронајдена неексплодирана артилериска граната калибар 75 мм од Првата светска војна. Полициски службеници од ПО Ропотово излегле, го обезбедиле местото и ја известиле екипата од Дирекцијата за заштита и спасување, кои безбедно ја подигнале гранатата.

 

На 16.02.2017 годинa во 14.00 часот на обиколниот пат на Скопје, кај клучка Стенковец, се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Фолксваген Туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б. (57) од Скопје и ПМВ „Фолксваген Пасат“ со дипломатски регистарски ознаки, сопственост на амбасадата на Република Хрватска во Република Македонија, а управувано од Д.Ј. (47) од Загреб, Р.Хрватска, а со престој во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОУСН-Скопје. Повредени лица нема. 

 

Ноќта помеѓу 14/15.02.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Наум“ лоцирана во с.Лескоец, охридско . Сторителот со употреба на подесен алат ја отворил влезната врата од црквата, влегол внатре и по краткото пребарување одзел 200 денари, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.   

 

НК КР Струга поднесе кривична пријава против Л.К. (27) од Тирана, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Кон крајот на минатата година на ул. „Ѓуро Салај“ во Струга, при преглед во ПМВ „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, полициски службеници кај пријавениот пронашле мало најлонско пакување со 0,42 грама кафаеава прашкаста материја. По извршено вештачење било констатирано дека се работи за опојна дрога хероин. Пријавениот Л.К. хероинот го купил во Тирана по цена од 15 евра.    

 

НК за КР Виница поднесе кривична пријава против М.А. (51) и Ж.А. (51) , двајцата од од с.Трсино, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствије“ и „кражба на дрва“. На 22.01.2017 година, од страна на полициски службеници од Шумска полиција, кај м.в „Крашт“ во атар на с.Трсино биле затекнати пријавените со трактор со приколка на која имало натоварено со 1,6 кубни метри дабови огревни дрва без печат и без документи. Шумските полицајци усно им наредиле тракторот со приколката со дрва да ги достават во ЈП „Македонски шуми“ - подружница Виница, а при одземање на моторната пила првопријавениот давал физички отпор.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.С. (24) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 09.01.2017 година околу 05.00 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Куманово пријавениот со употреба на физичка сила ја нападнал оштетената Т.Д. од Куманово, нанесувајќи и телесни повреди по телото.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И. (35) од с.Љубин, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.   На 15.02.2017 година ПС Тетово Н.И.(46) од Тетово пријавила дека нејзиниот невенчан сопруг Б.И. во повеќе наврати ги повикувал нејзините две ќерки од претходните невенчани бракови, над кои во повеќе наврати вршел полови дејствија. Пријавениот е лишен од слобода и на истиот изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена. 

 

НК за КР Гевгелија поднесе кривични пријави против Ѓ.И. (59) од Валандово, вработен како инспектор во Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија – Подрачна единица Валандово, М.Т. (51) од Гевгелија, вработен како инспектор во Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија – Подрачна единица Гевгелија, против Ѓ.П. (45) од Валандово, управител, основач и сопственик на правно лице од Валандово. Поднесени се кривични пријави поради постоење основи на сомнение дека првопријавениот и второпријавениот сториле 16 кривични дела “Злоупотреба на службената положба и овластување“, а третопријавениот дек сторил 15 кривични дела “Злоупотреба на службената положба и овластување“. Прво и второ пријавениот во периодот од 01.12.2014 година до 06.09.2016 година извршиле 16 инспекциски надзори во 14 правни лица на подрачјето на општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци, за што изготвиле 16 записници за извршен инспекциски надзор во кои констатирале прекршоци-недостатоци сторени од страна на одговорните лица во правните лица. Истите констатирале дека не се вршени мерења на громобранска инсталација и заштитно заземјување, како и дека нема на увид елаборати за извршени мерења на громобранска инсталација и заштитно заземјување. Понатаму, согласно записниците, давале рокови од 30 дена, односно осум за отстранување на недостатоците. По изминување на дадените рокови не вршеле контролен инспекциски надзор за констатирање на состојбите и почитување на дадените рокови за отстранување на недостатоците од страна на одговорните лица во правните лица во кои бил вршен надзорот. Со овие дејствија првопријавениот и второпријавениот му овозможиле на третопријавениот, во својство на одговорно лице, во име и за сметка на правното лице да се стекне со имотна корист од 431.009 денари. По вршените инспекциски надзори од страна на прво и второпријавениот во правните лица, третопријавениот со вршење на задолжените мерења на громобранската инсталација и заштитното заземјување и изготвување на задолжените елаборати причинил вкупна материјална штета во износ од 154.816 денари.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Т. (28) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,овозможување на употреба наркотични дроги”. На 30.07.2016 година околу 23.50 часот, на паркинг во близина на еден хотел, од страна на полициски службеници извршен е преглед на ПМВ „Фолксваген Пасат“, сопственост на неговиот татко, а управувано од негова страна. Притоа, покрај менувачот, била пронајдена и одземена една рачно изработена цигара со непозната растителна материја во кутија цигари. Пријавениот од непознато лице набавил опојна дрога марихуана од која им овозможил употреба на четворица негови другари.

 

НК КР Струга поднесе кривична пријава против М.К. (39) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.10.2016 година во с. Луково од страна на полициски службеници извршен е претес во дом и други простории кај пријавениот. Притоа, пронајдени и одземени се 13 пластични кутии, пет стаклени тегли и три најлонски пакувања со 78,83 грама марихуана и една најлонско пакување со семки со вкупна нето маса од 32,3 грама, кои потекнуваат од растението „Канабис“.

 

НК КР Кавадарци поднесе кривична пријава против И.Г. (18) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело во обид „овозможување на употреба на уживање на наркотички дроги“. На 11/12.06.2016 година во периодот од 23.30 до00.30 часот, во близина на стадионот во Спортскиот Центар „Јасмин“ во Кавадарци, пријавениот се договорил и сретнал со четворица другари од Велес со цел да уживаат наркотична дрога - марихуана. Во 00.15часот од страна на инспектори при НК КР Кавадарци истите беа затекнати пред да го започнат делото. Хартијата за виткање цигари(ризла), картонски фитер и иситнета тревкаста материја биле пронајдени во непосредна близина на групата,како и неотпакувана најлонска кесичка со тревкаста материја, за која со вештачење се покажа дека е марихуана.