Извадок на дел од дневните настани 15.02.2017

На 14.02.2016 година во 08.05 часот на автопатот ГП „Табановце“- Куманово, на клучката кај с.Костурник, полициски службеници забележале две возила „Пасат“ со скопски регистарски ознаки од другi возилa („Застава 126“, сопственост на П.К.М. (64) од Скопје и ПМВ „Ауди А8“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С. (39) од с.Батинци, скопско) од кои излегувале девет лица-мигранти, три лица од Сирија и шест лица од Ирак.  Откако излегле мигрантите, возачите со возилата со голема брзина продолжиле кон Скопје. По консултација со Јавен обвинител дел од мигрантите ќе бидат сместени во Прифатен центар за странци,  додека семејството со две малолетни деца ќе биде сместена во куќа за ранливи категории. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и возилата и за целосно расчистување на случајот.

На 14.02.2017 година околу 07.30 часот во Скопје, на ул “Качанички пат“, во ТМВ „МАН“ со српски регистарски ознаки бил пронајден починат Н.Ј. (37) од Р.Србија. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, а ТМВ е запечатено за понатамошна постапка.

Во врска со настан - пронајдена опојна дрога- даден во билтен од 13/14.02.2017 година, на 14.02.2017 година во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, на лицето Д.Ч. (44) од Р.Албанија одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. На 14.02.2017 година истиот е предаден во Казнено - поправната установа-Затвор Охрид.

На 14.02.2017 година во 12.00 часот од Клиничка болница Штип, телефонски во ПС Штип било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице Д.З. (60) од Штип, вработен во градежна фирма. Истиот работејќи на градежен објект во Штип паднал од скеле на висина од околу пет метри при што се здобил со повреди. Д.З. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во КБ Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Поради карактерот на повредите истиот бил препратен во Клинички центар Скопје.

На 14.02.2017 година околу 18.50 часот во Јавната здравствена установа Кавадарци бил донесен Т.М. (49) од Кавадарци со тешка телесна повреда, со која се здобил при управување на работна машина. При паркирање на машината удрил во влезот на електро-печка. Поради сериозноста на повредите истиот бил препратен во Клинички центар Скопје.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С. (49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело ,,тешка телесна повреда“. На 31.01.2017 година околу 01.00 часот, на ул. „Владимир Комаров“ на терасата пред влезна врата од кафе бар, пријавениот физички го нападнал С.Т. (46) Скопје, удирајки го со тупаници и со нога во пределот на лицето, главата и телото. Во нападот оштетениот се здобил со тешка телесна повреда.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ. (40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување општа опасност” во врска со “тешки дела против општата сигурност”. На 02.02.2017 година на депонија Буково, пријавениот кој е вработен во ЈП „Комуналец“ како чувар, откако го паркирал неговото ПМВ „Застава“ со моторна пила пресекол едно стебло од дрво бука. Кога паднало дрвото истиот забележал дека од дрвото било повредено дванаесетгодишно дете, кое со неговите родители живееле во шатор на депонијата. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клинички центар Скопје.

НК за КР Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (27)  од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице при вршење на службени дејствија“. На 29.11.2016 година околу 08.00 часот во Кичево на ул. „Гоце Делчев“  полициски службеници дале асистенција за уривање на настрешница лоцирана на наведената улица каде сопственик е пријавениот. Истиот упатувал  вербални закани кон полициските службеници како и кон службените лица од ЕЛС Кичево попречувајќи го надлежниот градежен инспектор во спроведувањето на постапката за уривање. А.А. физички го нападнал инспекторот и започнал да го влече. Притоа, еден полициски службеник се обидел да го спречи но пријавениот му дал активен отпор и скинал дел од неговата униформа.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против лицaта М.М. (21), И.К. (29), С.Р. (25) и А.Џ., сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 20.12.2016 година, по претходен договор помеѓу пријавениот И.К. и оштетениот А.Р. (18) од Тетово во врска со наводно украдено куче, И.К. во придружба со останатите пријавени лица се сретнал со оштетениот со кој разговарале, а потоа му предложиле да појде заедно со нив во с.Желино каде истата вечер требало да има борба на кучиња. Сите заедно со ПМВ „Пежо“ се упатиле кон с. Желино. Во непосредна близина на селото застанале, излегле од возилото и пријавениот М.М. на оштетениот му задал еден удар со тупаница во пределот на главата, а потоа  во нападот се вклучиле и  останатите пријавени кои со употреба на боксови и пендреци му задале повеќе удари по телото нанесувајќи му телесни повреди.  Со намера да се одбрани А.Р. од џебот извадил нож по што истиот успеал  да побегне  до селото каде побарал помош и се засолнил во една од куќите, а потоа настанот го пријавил во ПО Групчин.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.Е. (44) од Берат, Р.Албанија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка каражба на дрзок начин“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркоточни дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Првото дело пријавениот го извршил на 17.01.2017 година кога од оштетената В.Т. (58) со употреба на физичка сила и го одзел паричникот во кој имала две електронски картици од една банка и лична карта на нејзино име. Второто дело пријавениот го извршил во текот на февруари 2017 година. На 10.02.2017 година полициски службеници извршиле претрес во домот каде што престојувал пријавениот при што биле пронајдени 44,44 грама марихуана, дигитална вага, мобилен телефон, четири SIM картици, две електронски картици и други предмети.  Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д. (34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркоточни дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 09.02.2017 година полицски службеници извршиле претрес во станот кај што живее пријавениот при што биле пронајдени 194,46 грама марихуана, 28,5 милилитри течност со канабиноиди од канабис, 0,08 грама хашиш, 2,7 литри етил алкохол, две дигитални ваги, 31.000 денари во разни апоени и 80 евра во разни апоени. Од преземени мекри било утврдено дека пријавениот во текот на јануари и февруари годинава неовластено заради понатамошна продажба од непознато лице за неутврдена цена набавил опојна дрога марихуана и неовластено произвел и држел масло од канабис во стан во Скопје. Од страна на судија во претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Б.К. (44) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 13.09.2016 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот при што била пронајдена најлонска кеса во која имало 18,4 грама опиум. Од преземени мерки било утврдено дека го набавил за своја употреба во замена за хероин, а го набавил од Р.Србија пред 3 години.

НК за КР Кочани поднесе кривична пријава против Р.И. (43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 28.11.2016 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената при што биле пронајдени 1.688 броја на распрскувачки материи наменети за забави и свечености-комерцијални пиротехнички средства од повеке видови, наменети за создавање на карактеристични звучни и светлосни ефекти. Од преземени мерки било утврдено дека пријавената на 27.11.2016 година неовластено набавила поголема количина пиротехнички средства-петарди за 2000 денари, кои имала намера да ги продаде во Кочани и истите неовластено ги држела во сопствениот дом.

НК КР Дебар поднесе кривична пријава против Ш.А. (56) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “несовесно работење во службата”. Пријавениот во aвгуст 2015 година на лицата М.М. и А.Р., двајцата од с.Горно Косоврасти, дебарско, како и во ноември 2015 година на лицето З.Д. од с.Могорче им овозможил да користат електрична енергија за приватни потреби од училиштето лоцирано во с.Горно Косоврасти без да се донесе Одлука и одобрение од Училишниот одбор и без никаква исплата на парични средства за потрошената електрична енергија. Исто така, пријавениот во втората половина на 2014 година извршил отуѓување на три лимени  ќумбиња на приватни лица. Пријавениот го извршил делото без да се донесе Одлука од страна на Училишниот одбор во ОУ “Ристе Ристески” од с.Долно Косоврасти. Пријавениот оформил комисија и само со Записник од комисијата, на три лица од с.Могорче  неовластено им издал три лимени ќумбиња сопственост на училиштето со цел да ги користат за приватни потреби без никаков надомест. Записник не бил евидентиран со архивски број, ниту со датум и година на составување.

СВР Тетово поднесена кривична пријава против лицето Д.И. (32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“. На 02.02.2015 година Б.К. (57) од Тетово склучил преддоговор за купопродажба на недвижен имот-стан лоциран на ул. “Видое Смилевски Бато“ во Тетово за сума од 2.583.000 денари (42.000 евра) со ДПТУУ “Агсан Пипиљ“ ДОО, застапувано од лицето М.О., а како полномошен застапник бил пријавениот. Притоа, согласно склучениот преддоговор Б.К. на полномошниот продавач – пријавениот наводно му исплатил 2.306.250 денари  (37.500 евра) и  како компензација, исто така, му дал и ПМВ „Ауди А4“ во вредност од околу 246.000 денари (4000 евра). Останатите 30.750 денари (500 евра) Б.К. имал обврска да му ги даде на пријавениот со префрлање на станот на негово име, најдоцна до 15.03.2015 година. Од страна на Д.И. предвидениот рок во преддоговорот не бил испочитуван и до 15.03.2015 година станот не бил префрлен на име на Б.К. со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист за наведената сума.