Извадок од дневните настани 14.02.2017

На 13.02.2017 година во 11.30 часот во Скопје на крстосницата од бул.„Никола Карев“ и ул.„Рифат Бурџевиќ“, во спортска обложувалница, непознат маскиран сторител извршил разбојништво над вработената. Сторителот  со закана со пиштол од истата одзел пари од дневниот промет и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

На 13.02.2017 година околу 22.30 часот во Битола на ул. „Солунска“, од засега непознати причини, настанал пожар во куќа сопственост на К.Д. (62). Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола. Увид ќе се врши во текот на 14.02.2017 година.

На 13.02.2017 година во 15.00 часот во с.Студена Бара, кумановско, во коритото на реката Пчиња бил пронајден непознат машки леш закачен на гранки во фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. Лешот е изваден од водата и по наредба на Јавен обвинител е предаден на обдукција.

На 13.02.2017 година околу 20.00 часот во нас. Рача-Охрид, при преглед на ПМВ „Мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од Д.Ч. (44) од Поградец, Р.Албанија, пронајдени се околу 10 килограми најверојатно опојна дрога марихуана. Д.Ч. е приведен во СВР Охрид за понатамошна постапка.

На 14.02.2017 година околу 03.20 часот во Велес на ул. „Лазо Смаков“, пред угостителски објект, од непознати причини настанал пожар во паркирано ПМВ „Пасат“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Г.Л.. Возилото целосно изгорело, а со пожарот  било зафатено и ПМВ „Опел“ со велешки регистарски ознаки , сопственост на А.М., кое било опожарено во задниот дел. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Велес, а увид ќе се врши во текот на 14.02.2107 година. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 13.02.2017 година во 22.30 часот во СВР Тетово, Ј.К. (58) од с.Лојане, кумановско, пријавил дека во непознат правец се оддалечила неговата ќерка В.К. (18). СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на лицето.

На 13.02.2017 година во 11.05 часот во Охрид на ул. „Билјанини извори“ се случила сообраќајна незгода во која В.К. (73) од Охрид, управувајќи ПМВ „Рено Лагуна“ со охридски регистарски ознаки, удрил во пешакот В.П. (82) од Охрид.  Во незгодата, В.П. се здобила со тешка телесна повреда и била пренесена и задржана на лекување во болницата „Св.Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

На 13.02.2017 година во периодот од 13.20 до 15.30 часот во Скопје на бул. „Киро Глигоров“ од мост „Близнак“ до ул. „Перо Наков“, поради пукната цевка од гасовод, сообраќајот бил блокиран во двата правци.

ПС Гостивар поднесе кривична пријава против лицето А.Б. (20) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.  На 10.02.2017 година околу 22.30 часот на ул. ,,Тоде  Богданоски“ во Гостивар полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот при што била пронајдена најлонска кесичка со непозната зелена растителна материја . Исто така, извршен е претрес во домот и помошните простории, сопственост на Б.А., татко на пријавениот, во село Балиндол каде биле пронајдени најлонски кесички со непозната зелена тревкаста материја и кеси со остатоци  од непозната растителна материја. По извршено вештачење било утврдено дека се работи за 104,44 грама  наркотична дрога  “марихуана“, додека прашкастата материја со  вкупна нето маса од 0,42 грама преставува опојна дрога “кокаин“. Пријавениот е лишен од слобода и на истиот изречена му е мерка притвор во времетраење од 48 часа.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д..Д. (27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 04.10.2016 година околу 21.50 часот од страна на полициски службеници на ул. ,,М.Нестороски” затекнато е такси возило ,,Мерцедес” со охридски регистарски ознаки во кое сопатник бил пријавениот. Притоа, кај истиот била пронајдена 42,01 грама марихуана и 0,32 грама марихуана помешана со тутун.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М. (24) и Д.А. (26), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси”. На 01.08.2016 година околу 22.50 часот од страна на полициски службеници било затекнато ПМВ „Форд Фокус“ со струшки регистарски ознаки во кое биле пријавените заедно со уште едно лице од Струга. Полициските службеници извршиле преглед врз лицата и во возилото и притоа кај првопријавениот пронајдена е кесичка со нето маса од 1,26 грама марихуана и на парче хартија мешавина од марихуана и тутун со нето маса од 0,85 грама, додека кај второпријавениот пронајдена е една кутија од цигари во која имало една рачно изработена цигара со нето маса од 0,47 грама која што претставува мешавина од тутун и марихуана.