Извадок од дневни настани 26.06.2018

 

На 25.06.2018 година околу 16.15 часот на магистралниот пат Радовиш–Штип, во близина на рудникот Бучим, товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле превезувани 23 лица-мигранти од Шри Ланка и Бангладеш, управувано од непознато лице, излетало од коловозот и удрило во заштитна метална ограда од мост. Возачот го напуштил возилото и побегнал. На местото на настанот починале две лица,  а 12 лица биле пренесени во Клиничкиот центар во Штип (шест се здобиле со тешки телесни повреди и шест со телесни повреди) и сите се задржани на понатамошно лекување. Во Јавната здравствена установа Радовиш биле пренесени шест лица каде им биле констатирани телесни повреди. Околу 22.30 часот на автопатот биле забележани уште три лица, кои биле пренесени во Јавната здравствена установа Радовиш, каде им биле констатирани телесни повреди. По укажаната лекарска помош две лица биле задржани во Полициската станица Радовиш, додека едно лице било префрлено во Клиничкиот центар во Штип. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Радовиш. За време на увидот, од 16.30 до 20.40 часот, сообраќајот бил во прекин. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле пренесени во Институтот за Судска медицина обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На ден 25.06.2018 година во 18.00 часот на регионалниот пат Извор-Велес,  пред крстосницата за с.Војница, патничко возило „Форд Галакси“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.А. (22) од с.Г.Јаболчиште, излетало од коловозот и удрило во земјен брег од канал за атмосферски води. Притоа, со повреди се здобиле возачот и четири сопатници. Тие со две возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Велес, каде по извршениот лекарски преглед тешки телесни повреди биле констатирани кај лицето И.А. (47) од с.Г.Јаболчиште, кој бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Останатите се здобиле со телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.  

 

 

На 25.06.2018 година во 22.15 часот на улица „Шишка“ во Кавадарци мотоцикл „Хонда ЦБР900“, управуван од С.Л. (22) од с.Марена, кавадаречко, удрил во пешакот Е.К. (18) од Кавадарци, а потоа и во патничко возило „Голф“ со велешки регистарски ознаки,  управувано од Д.Д. (31) од Кавадарци.  Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Е.К., која по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Кавадарци била префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

 

На 25.06.2018 година во 21.18 часот на булеварот „Трета Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „Опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од Г.Ѓ.(19) од Скопје, удрило во бетонска жардињера. Од ударот со тешки телесни повреди се здобил Г.Ѓ., кој бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

На 25.06.2018 година во 13.20 часот во Полициската станица Кичево, С.М. (30)  пријавила дека на 23.06.2018 година од домот во непознат правец се оддалечила нејзината 12 - годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

 

На 25.06.2018 година во 11.00 часот во Полициско одделение Македонска Каменица, С.С. (62) пријавила дека околу две недели немала контакт со нејзината ќерка Ј.Л. (28). На 13.06.2018 година и се јавила Ј.Л. и и кажала дека била во болница во Гевгелија бидејќи имала здравствен проблем, а престојувала во Стар Дојран со некое лице и оттогаш не можела да стапи во контакт со неа бидејќи телефонот и бил исклучен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

        

Во текот на изминатиoт ден (25.06), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и седум со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и пет со лесни телесни повреди. 107 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и седум возачи бидејќи го управувале возилото под дејство на алкохол.  12 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Еден возач е санкциониран бидејќи не дал првенство на минување на пешаци, четворица неправилно се престроиле и еден неправилно престигнувал. Во текот на изминатиот ден издадени се 242 мандатни платни налози,  додека исто така 51 возила се подигнати со "Пајак".

На 25.06.2018 година во 20.10 часот во Полициската станица Драчево, Е.Џ. (43) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18.20 часот во угостителски објект во нејзина сопственост на ул.„Бранко Заревски“, Ж.А. (28) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир. Според пријавеното, тој бил под дејство на алкохол и во еден момент почнал непристојно да се однесува, да превртува маси и да крши чаши. Една чаша скршил од својата глава и се повредил, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски “. По укажаната лекарска помош, тој бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ќ. (38) од село Нераште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба”, „противправно лишување од слобода“ и „загрозување на сигурноста”. На 22.06.2018 година околу 06.30 часот во село Теарце, тетовско, во домот на В.Ѓ. (69), пријавениот откако одзел гасен пиштол со него упатил закани по животот кон неа, по што ја заклучил во куќата. Потоа, пријавениот се вратил во неговиот дом каде започнал расправија со неговата мајка Ш.Ќ. (71), по што таа пријавила дека била психички малтретирана од него. По преземени мерки, пријавениот бил лишен од слобода, му бил одземен пиштол „МД92ФС БЛОУБЕК”, а во разговор во полициска станица ги признал делата. 

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Р. (49) од село Матејче, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поднесување лажни докази” и „употреба на исправа со невистинита содржина”. На 05.01.2016 година во Одделението за управни работи Куманово, пријавениот поднел лажен документ за престој во странство подолго од три месеци, врз основа на кој му биле издадени две уверенија за живеалиште. Со цел да ја искористи погодноста од член 24 од Законот за возила, уверенијата ги употребил во постапка за идентификација на две патнички возила во Бирото за метрологија при Министерството за Економија.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Љ.И. (56) од село Жубрино, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама при добивање кредит или друга погодност“. На 24.07.2014 година во Одделение за управни работи Охрид, пријавениот, во прилог на барањето за уверение за живеалиште, приложил лажна изјава дека се вратил да живее во Република Македонија, по што му била издадена потврда. Тој, потврдата ја приложил при постапка за идентификација на две товарни возила во Бирото за метрологија при Министерството за Економија со цел да ја искористи погодноста од член 24 од Законот за возила.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.М. (34) село Долна Бањица и Г.М. (44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,фалсификување исправа” и ,,употреба на исправа со невистинита содржина”, против Б.З. (38) од село Лисичани, општина Пласница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,помагање” во врска со ,,употреба на исправа со невистинита содржина” и ,,измама при добивање кредит или друга погодност”, против Д.Ј. (34) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,помагање” во врска со ,,употреба на исправа со невистинита содржина”, против Д.Ѓ. (53) од село Беловиште, гостиварско и  П.М. (35) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,фалсификување исправа” и ,,помагање” во врска со ,,употреба на исправа со невистинита содржина”.  Во периодот од април 2016 до јуни 2016 година, А.М. и Г.М., полициски службеник, изготвиле три лажни договори за купопродажба на мотоцикл „MBK YP 125R”, помеѓу лице од Швајцарија како продавач и третопријавениот  Б.З. како купувач, потоа помеѓу Б.З. како продавач и Д.Ѓ. како купувач и помеѓу Д.Ѓ. како продавач и Д.Ј. како купувач. Потоа, на 04.06.2016 година во царинска управа Тетово, при управна постапка, го употребиле лажниот договор помеѓу Д.Ѓ. како продавач и Д.Ј. како купувач, а потоа на 16.06.2016 година А.М., во име на Б.З., лажниот договор помеѓу лице од Швајцарија како продавач и Б.З. како купувач, заедно со потврдата за престој во странство од Г.М., ги приложил во Бирото за метрологија при Министерството за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила. На 21.062016 година во Одделението за управни работи Гостивар ги употребиле трите лажни договори. кои претходно биле заверени на нотар.  Третопријавениот Б.З,, во текот на јуни 2016 година, на прво и второпријавениот им дал на располагање потврда за пријавен престој во Република Австрија, издадена од Отсек за управни работи Кичево, за да ја употребат во постапка во Бирото за метрологија при Министерството за Економија-Скопје, односно за регистрација на наведеното возило.  Четвртопријавениот на 04.06.2016 година во царинска управа Тетово, при управна постапка, ги поднел лажните договори, кои претходнои ги изготвиле прво и второпријавениот. Петтопријавениот на 13.06.2016 година, договорот помеѓу лице од Швајцарија како продавач и третопријавениот како купувач и договрот помеѓу третопријавениот како продавач и петтопријавениот како купувач, ги однел на заверка кај нотар во Гостивар. Шестопријавениот, на 03.06.2016 година, договорот помеѓу петтопријавениот како продавач и четвртопријавениот како купувач, го однел на заверка кај нотар во Гостивар. По ова, на 21.06.2016 година, првопријавениот, наведениот мотоцикл му го продал на А.Ш. од Гостивар, за што со истиот склучил договор за купопродажба со четвртопријавениот.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Б. (53) од Охрид и ДЗППП ,,Градинар” АД Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправно градење”. Во текот на 2016, 2017 и 2018 година на ул. „Гоце Делчев” во Охрид, пријавените како сопственици и инвеститори, без одобрение за градба, спротивно на решението на овластен градежен инспектор од општина Охрид од 14.12.2016 година, продолжиле со изведување на градежни активности- изградба на настрешница на метални столбови со дрвена покривна конструкција и бетонирање на земјишната површина.  

 

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против 15-годишник од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“.  Во периодот од 31 мај до 12 јуни оваа година со погоден предмет ги отворил вратите на една сендвичара, еден ресторан и две продавници во централното градско подрачје во Кичево, каде што влегол и одзел  пари, патики, техничка стока и други поситни предмети.