Извадок од дневни настани 21.06.2018

 

На 20.06.2018 година околу 11.40 часот на крстосницата од ул.„Димитар Влахов“ и ул.„Бел Камен“ во Кочани дошло до судир помеѓу патничко возило „Опел Инсигнија“ со италијански национални ознаки, управувано од Р.Ф. (47) од с.Елово, општина Студеничани и мотоцикл „Сузуки“ со бугарски национални ознаки управуван од Н.З. (31) од с.Тркање, кочанско. Во незгодата, возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди кој по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Кочани бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кочани.

 

На 20.06.2018 година околу 16.15 часот било пријавено дека на ул.„Даре Џамбаз“ во Велес, во куќата сопственост на Н.Д. (45) настанал пожар. Додека Н.Д. и неговата сопруга М.А. (37) биле отсутни, настанал пожар во просторијата при што настрадале три деца на возраст од четири, две и една година. Од страна на Територијалната противпожарна единица Велес пожарот бил изгаснат. СВР Велес и Јавен обвинител работат на расчистување на случајот.

 

На 20.06.2018 година во 12.30 часот во Полициската станица Куманово, од Територијалната противпожарна единица Куманово било пријавено дека во куќа на ул.Доне Божинов во Куманово настанал пожар. По кажување на сопственичката Ц.Б. (51) од Куманово, пожарот настанал додека таа била излезена и немало никој во куќата. Од пожарот изгорела дел од покуќнината. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица, а по овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

                                         

На 21.06.2018 година  околу 00.25 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово, Р.Д. пријавил дека на ул. „Сава Ковачевиќ“ во неговото патничко возило „Фоклсваген Пасат“ со кумановски регистарски ознаки експлодирала експлозивна направа. Повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 21.06.2018 година  во Секторот за внатрешни работи Струмица, М.Д. (86)  пријавила дека на 20.06.2018 година од автобуската станица во Струмица во непознат правец се оддалечил нејзиниот син М.Д. (54). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 20.06.2018 година во 13.50 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Ј.А. (23) од с.Арачиново, скопско, се ноаѓа на листата со мерка „А” (апси). Лицето било приведено во полициска станица за понатамошна постапка.

На 20.06.2018 година во 15.15 часот на Граничен премин „Табановце“, при контрола на патничко возило „Мерцедес“ со српски национални ознаки, управувано од А.И. (59) од с.Чегране, гостиварско, а со место на живеење во Република Србија, било констатирано дека возилото е фалсификувано, односно дека има вградено делови од украдени возила во Република Чешка и Италија, како и фалсификуван ВИН број. Лицето било приведено и предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка, а возилото со потврда за привремено одземени предмети било одземено.

 

Во текот на вчерашниот ден (20.06.2018) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои пет со лесни телесни повреди и четири со материјална штета. Во сообраќајните незгоди пет лица со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 93 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 24 возачи од кои: пет возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, тројца бидејќи биле возачи-почетници и четворица поради сторени останати сообраќајни прекршоци. Исто така исклучени од сообраќај се и 14 возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола. Во текот на изминатиот ден издадени се 262 мандатни платни налози, додека 66 возила се подигнати со специјално возило "пајак". 

На 20.06.2018 година околу 08.30 часот во кругот на автобуската станица Кочани, автобус ,,Ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на „Берово-Транс“, управуван од К.М. (50) од Берово, удрил во пешакот С.А. (62) од Кочани. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Кочани бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.  

 

На 20.06.2018 година во 03.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Ч.И.(40) од Скопје-такси возач, пријавил дека истиот ден околу 01.20 часот на бул. „Партизански Одреди“ во патничко возило бил физички нападнат од две непознати лица. Двете лица се качиле во такси возилото и сакале да запалат цигара, но тој не им дозволил. Откако стигнале до бул. „Партизански Одреди“ едно од лицата почнало да го удира по глава,а другото лице со стаклено шише го удрилo во пределот на главата, по што и двајцата побегнале. На Ч.И. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 21.06.2018 година околу 02.15 часот во казино во с.Дебреште, прилепско, непознато лице извршило разбојништво. Сторителот со закана со пиштол од вработените одзел 167.700 денари по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

                                         

На 21.06.2018 година во 01.25 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на ул. „Народен фронт“ непознато лице насилно влегло во патничко возило „Астра“ со намера да изврши тешка кражба. Полициски службеници од Полициска станица Центар излегле на местото на настанот при што бил затекнат Б.Ј.(28) од Скопје, кој кај себе имал одземени повеќе предмети. Лицето било приведено во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(48) од село Муртино, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на дете“. На 13.05.2018 година пријавениот, додека ловел риби на реката близу село Еднокуќево,се доближиле две малолетни деца, по што истиот од мобилниот телефон им покажувал видео клипови со порнографски содржини.

 

На 20.06.2018 година во 10.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.К. (45) од Скопје  пријавил дека од 19.06.2018 годинаод 09.00 часот од ул.„Јуриј  Гагарин“ во Скопје бил лишен од слобода од неколку непознати лица, кои го држеле во непознат стан во Ѓорче Петров, поради наводен долг на непозната сума на пари. На 20.06.2018 година околу 07.30 часот, поради невнимание на едно од лицата, тој успеал да избега. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 20.06.2018 во 15.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.И.(50) од Скопје пријавил дека истиот ден од 01.00 до 11.00 часот на ул. „Цветан Димов“ од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „Мерцедес“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.

 
 

СВР Скопје поднесе кривичнна пријава против Д.З. (35) од Куманово поради постоење  основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Во периодот од март 2018 до мај 2018 година, при претрес во домот на пријавениот, во кој времено престојува, на ул. „Лазар Поп Трајков“ во Скопје, полициски службеници пронашле и одзеле 147 саксии со стебла од растението Cannabis, кои неовластено ги набавил со намера да произведува опојна дрога марихуана. 

 

СВР Штип поднесе писмено известување против Ц.Ј. (57) од Штип и правно лице „Туртел“ АД-Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги”. Во периодот од 01.01.2018 до 02.03.2018 година првопријавената, во својство на одговорно лице во правно лице „Туртел“АД Штип, во име и за сметка на правното лице уништила две деловни книги за евидентирање на работни часови за 2015 и 2016 година на вработените во магацинот лоциран на улица „Железничка“, кои се водат согласно Законот за работните односи.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против И.С. (52) од село Другово, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Незаконита експлоатација на минерални суровини“. Во периодот од 21.11.2017 до 30.05.2018 година на место викано „Завој“ во Кичево пријавениот вршел незаконита експлоатација на песок на имот кој го поседувал врз основа на склучен договор за закуп со сопственост на А.Б., за што не поседувал дозвола од Министерството за животна средина, ниту пак договор за експлоатација на минерални суровини со АД „Водостопанство“.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Љ.Т. (56) и Р.С. (54), двајцата од Скопје,пшоради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,фалсификување исправа,, и ,,употреба на исправа со невистинита содржина, против Р.И. (63) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“  во врска со ,,помагање,, и ,,измама при добивање кредит или друга погодност“  и против А.З. (33) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „перење пари и други приноси.. Во текот на ноември и декември 2016 година, Р.И. на Љ.Т. му дал потврда за пријавен престој во Република Бугарија со која се потврдува дека престојувал во странство подолго од три месеци.По ова, Љ.Т. и Р.С. ја искористиле потврдата и изготвиле два купопродажни договори со невистинита содржина за период од 2015 и 2016 година за патничко возило „Мерцедес Бенз“ со словенечки регистерски таблици, сопственост на правно лице со седиште во Љубљана, Република Словенија, чиј управител бил таткото на А.З., кој се јавува како продавач и Р.И. како купувач на возилото. Р.И. на Љ.Т. му дал полномошно од нотар заверено во Скопје со цел да го царини, управува и регистрира пред наведените институции предметното возило. Потоа, го искористиле законскиот исклучок предвиден во Закон за возила кој се однесува на македонски државјанин кои престојуваат во странство минимум една година без прекин и во странска држава да поседува моторно возило и му овозможиле на Р.И. да ги употреби фиктивните договори и да се стекне со потребната документација за регистрација на возилото, иако истото не ги исполнувало Еуро стандардите. Истовремено, со цел да ја користи погодноста предвидена со Закон за возила и за себе и на друг да му овозможи дополнителна корист со легализирање на возило, Р.И. во Бирото за метрологија за спороведување на постапка на идентификација дал невистинити податоци со цел да се стекне со погодност. А.З., иако знаел дека договорот е невистинит, сепак како вистински го употребил во Управни служби Гостивар и на тој начин се стекнал со предметното возило.