
СВР – Скопје работејќи по претходни оперативни сознанија за лица кои нелегално поседуваат и злоупотребуваат огнено оружје, на 27/28.07.2010 година презема сеопфатна и организирана акција на подрачјето на градот и поширокото градско подрачје, со цел за пронаоѓање на лица кои нелегално поседуваат огнено оружје, како и за одземање на истото.
За таа цел во наведениот период беа превземени мерки и активности при што беа извршени повеќе прегледи на патнички моторни возила, како и истражни дејствија – претреси на лица и претреси на домови.
Превземената акција резултираше со приведување на пет лица кај кои при личните претреси, прегледите во ПМВ и претресите во дом и други простории се пронајдени и запленети три пиштоли, и тоа: пиштол, марка „Црвена Застава Модел – 70„ кал. 7,65 со рамка и шест куршуми ; пиштол, марка „Астра„ кал. 7,65 мм со рамка и шест куршуми, пиштол, марка „Чешка Зброевка„ кал. 6,35 мм со рамка и осум куршуми и огнено оружје во облик на приврзок, како и ладно оружје – боксирач, нож и метална палка.
Во врска со тоа по документирањето на случаевите СВР – Скопје – ЕКР – ОНТ до надлежното ОЈО ќе поднесе соодветни кривични пријави против О.А(33), Ј.М.(22), М.М.(41) и М.С.(29),сите од Скопје.
|