Навигација

29.07.2010 Внатрешната контрола ја заврши интерната истрага во врска со битолскиот случај
Нема прекршување на правилата при постапката против Д.И

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди изврши разговори со сите инволвирани лица и направи увид во целокупната евиденција и врз основа на преземените мерки цени дека наводите изнесени од Д.И. преку средствата за јавно информирање, за наводно малтретирање, тортура и друго нечовечко однесување врз него од страна на полициските службеници од СВР-Битола се Неосновани. Во конкретниот случај полициските службеници при превземањето на службените мерки и дејствија постапиле согласно Законот за кривична постапка, Законот за полиција и Правилникот за начинот на вршење на полициските работи.

„Тој што за друг ќе изнесе нешто невистинито што е штетно за угледот и честа ќе се казни со парична казна“, се вели во член 172 од кривичниот Закон на РМ. Затоа МВР апелира, Д.И. да се извини за изречените клевети и навреди или истите ќе треба да да ги докаже на суд.

МВР апелира да се обрне посебно внимание во однос на непристрасноста при работата и изготвувањето на извештајот на Заменикот Народен правобранител од Битола со оглед на фактот што истата е во многу блиски роднински врски со лице кое учествуваше во партиските протести кои се одржуваа за осободување од секаква одговорност и прекинување на постапката која се води против Д.И. МВР не може, а да не изрази зачуденост од досегашниот молк на Заменикот правобранител, на кого по извршениот разговор во четири очи, Д.И. му се пожалил на грбнатина на стомакот, а во сите пренесени изјави по медиуми обвинува дека бил тепан со стол по глава за да признае, од луѓе кои не присутвувале на разговорот во кој во присуство на адвокат се бранел со молчење.

 

Имено, по извршениот увид и службените разговори за што се изготвени службени белешки односно писмени појаснувања, СВКПС констатира дека:                                   

По претходно добиено оперативно сознание и Наредба за вршење на претрес на дом и други простории возила, помошни објекти и земјиште бр.КРИ 265/2010 издадена од Истражниот судија при Основниот суд во Битола, од страна на СВР-Битола на ден 15.07.2010 година извршен е претрес со цел пронаоѓање на предмети кои потекнуваат од кривично дело: „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Полициските службеници од СВР-Битола на м.в. Градско поле на нивата сопственост на Т.И., која ја обработуваат и наводнуваат со прскалки неговите синови, пронашле насади на растение Канабис од кое со преработка се добива наркотична дрога Марихуана, Хашиш и масло од Хашиш. За извршениот претрес на дом и други простории за време на кој присуствувал и нивниот бранител, а изготвен е записник за претрес на дом и други простории, кој тројцата осомничени одбиле да го потпишат, притоа од нивна страна како и од бранителот не е побарано во записникот во графата за забелешки биде внесена забелешка. На местото на настанот извршено е фотографирање и снимање на теренот, а 207 корени со различна висина од пронајденото растение со потврда за привремено одземени предмети се одземени. По извршеното истражно дејствие „Претрес“, околу 13:00 часот, трите лица, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело по член 215 од КЗ на РМ се приведени во ПС-ОН Битола, за што се изготвени службени белешки за приведување без писмена наредба од суд. Во ПС-ОН Битола во 13:00 часот приведените лица се поучени за нивните права, а од тој моментот на нивното приведување во ПС Битола присуствувал и бранителот кој разговарал со нив. За оствареното право на бранител и други права изготвени се записници, кои од страна на тројцата приведени и нивниот бранител уредно и своерачно се потпишани, а приведените и бранителот не побарале во записникот да бидат внесени доплнителни забелешки за постапувањето на полициските службеници. Од извршените проверки СВКПС констатира дека во службените простории разговор со приведените лица ниту во еден момент не е вршен од страна на полицискиот службеник В.Б., кој беше посочен од Д.И., а истиот појасни дека покрај тоа што не разговарал со приведените и не вршел притисок или тортура со цел изнудување на докази. Со приведените, службен разговор извршиле полициските службеници М.Р. и П.Т. кои во службените белешки за собирање на информации од граѓани констатирале дека лицата го користат правото на молчење, односно немаат што да изјават. Од извршените проверки СВКПС констатира дека во службените евиденци друг службен материјал за исказ, признание, појаснување, дадено од приведените лица, а кое би можело да се искористи против нив во доказната постапка, не постои.

На ден 16.07.2010 година осомничените се спроведени пред Истражниот судија во Основниот суд Битола, за што од страна на СВР-Битола се изготвени извештаи, а во просторите на Истражаниот судија за време на сослушувањето присуствувал и Заменик Јавен Обвинител од Основното Јавно Обвинителство. Согласно член 204 став 8 од Законот за кривична постапка законитоста на лишувањето од слобода ја цени Истражаниот судија. Во изготвеното решение за притвор бр.128/2010 година од Истражниот судија е констатирано дека по однос на лишувањето од слобода истото е законито. Со цел прибирање на дополнителни сознанија и утврдување на фактичката состојба, СВКПС изврши службен разговор со Истражниот судија и Заменик Јавниот Обвинител кои појаснија дека лицата за време на сослужувањето во просториите на ОС Битола, немале видливи повреди на телото, ниту се пожалиле на повреди, или на било какво незаконско постапување во текот на полициската постапка. За даденото појаснување Истражниот судија и Заменикот Обвинител, доставија службени белешки за потребите на СВКПС. Постапувајќи по решението за притвор тројцата се спроведени во КПУ Затвор Битола каде биле прифатени и предадени на заповедникот З.Б., а систематски преглед над притворените лица извршил доктор Е.Т. Во книгата за дневна здравствена состојба на притворениците за ден 16.07.2010 констатирана е добра општа здравствена состојба на лицата за што од страна на докторот е изготвен медицински наод и мислење, а истите немале видливи повреди ниту кај службените лица се пожалиле на било какви повреди. На 20.07.2010 година околу 12:00 часот во КПУ Затворот Битола  Заменик Народниот Правобранител побарала да изврши насамо разговор со притворените што од заповедникот и било овозможено. Веднаш потоа во канцеларијата на заповедникот, побарала со мобилниот телефон да ја слика гребантинката на десната страна на стомакот од Д.И., која повреда по негово кажување настанала од тепање во ПС-Битола. Заповедникот, надзорникот, како и докторот, за погоре наведеното изготвија службени белешки, при што докторот појаснува дека не може да се произнесе кога и од што е настаната гребнатинката кај Д.И.

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 29.07.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5217558