
МВР во изминатото деноноќие реализираше два одвоени случаи на недозволена трговија со дрога при што вкупно беа запленети 457 стебла од растението “канабис сатива“, како и две најлонски кеси со исушена растителна материја. Со овие реализации како и со реализациите во изминативе три недели во Битола, село Брест, во Прилеп, во Свети Николе, МВР откри и заплени над 1.400 стебла “канабис сатива“
Во првиот случај реализиран од страна на СВР Куманово денес во раните утрински часови по претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на судска наредба извршен е претрес во домот и други простории на лицето З.И. (43) во село Отља, кумановско, при што во дворното место беа пронајдени 395 насади од растението “канабис сатива“, потоа две најлонски кеси со исушена растителна материја пронајдени во поткровјето на куќата, како и една дигитална вага и една рачна вага. Одземените насади и другите количини исушена растителна материја се предадени на натамошно вештачење во Одделот за крим техника а лицето З.И. е приведено во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Во вториот случај реализира од страна на СВР Битола до надлежното основно јавно обвинителство поднесена е кривична пријава против лицето В.П. (25) од селото Бело Поле, прилепско, а поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Имено, врз основа на оперативни сознанија систематизирани во подолг временски период, дека лицето В.П се занимава со недозволено производство на опојна дрога марихуна, по добиена судска наредба извршен е претрес во домот на пријавениот и притоа во бавчата покрај оградниот ѕид од дворното место пронајдени беа 62 искорнати стебла од непоснато растение, за кое по веќтачењето е утврдено дека станува збор за “канабис сатива“ (марихуана), врзани во сноп и оставени покрај ѕидот а со цел да се подготват (исушат) за продажба којашто пријавениот, според истражните сознанија, веќе однапред ја договорил со лице од Скопје чијшто идентитет засега не е утврден за сума од 500 евра. Од разговорот со пријавениот дознаено е и дека тој во март годинава набавил семки од растението “канабис сатива“ кои ги засадил во бавчата и откако растенијата нараснале на висина од 5 до 10 сантиметри тој ги расадил на различни локации, добро затсакриени низ атарот на селото Бело Поле каде што ги одгелдувал и наводнувал растенијата подготвувајќи ги за продажба. Инаку истражен судија на пријавениот В.П. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
|