Навигација

25.07.2010 Реакција на прилогот на ТВ А1
МВР во изминативе три години со рекордни резултати во борбата против наркотоците

МВР го цени интересот на А1 во врска со недозволената трговија и злоупотребата на наркотиците, доколку е искрен и има за цел засилување на борбата против оние кои произведуваат, тргуваат или овозможуваат конзумирање дрога.

МВР и стои на располагање на А1 да ги сподели сознанијата за местата, на кои „на секој чекор“ се продава хероин, екстази и марихуана. Не сакаме да веруваме дека несподелувањето вакви сериозни информации е поради штитење на криминалот или пак дека истите не постојат, односно се работи за обид за манипулација.

Борбата против наркотиците бара сеопфатен општествен ангажман од сите сфери, вклучувајќи ги и медиумите и се надеваме дека А1 ќе ги осуди сите притисоци врз органите на прогонот дури и во случаи кога кривично се гонат партиски членови на чии ниви е пронаајдена марихуана. Само со искрен ангажман на надлежните институции, невладините организации и медиумите може да очекуваме уште поодобри резултати.

МВР нема да отстапи од борбата против ова зло, а изминативе 3,5 години запленети се досега рекордни, приближно 2,5 тони дрога, односно преку 2 килограми дневно. Само минатата година МВР откри и заплени околу еден тон различни дроги. Овие успеси на МВР беа поздравени и од Стејт Департментот, Европската Комисија, Интерпол, СЕКИ Центарот и сите релевантни меѓународни партнери.

 

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 25.07.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5212291