Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се шест решенија против шест вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4 и 7 од Колективниот договор на МВР.
На четири вработени изречена им е мерка парична казна, еден вработен е писмено предупреден, додека на една вработена изречена и е мерка отказ заради пречекорување на службените овластувања, согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4 и 7 од Колективниот договор, а се работи за:
- С.Н. полициски службеник во полициско одделение Матејче, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци (не презел мерки да спречи нарушување на јрм);
- Д.И. полициски службеник во Регионален центар за гранични работи „Југ“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од два месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);
- К.С. полициски службеник во Регионален центар за гранични работи „Југ“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од два месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);
- Б.Д. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Кисела Вода, изречена му е мерка писмено предупредување (се однесувал непристојно);
- Н.Б. полициски службеник во полициска станица за надворешно физичко обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (се оддалечил од работното место);
- А.М. полициски службеник во Сектор за внатрешни работи Тетово, изречена и е мерка отказ (не дошла на работа три последователни дена);
|