Навигација

24.07.2010 Откриен насад на канабис во атарот на селото Брест
Откриени и запленети 755 корени канабис

 

По претходно добиени оперативни сознанија за постоење на насади на растението „Канабис сатива“ во атарот на село Брест, поточно местото викано Станчиќ ливади во Малино маало, изминативе денови Министерството за внатрешни работи презеде мерки за потврдување и докажување на сознанијата.

По лоцирањето на насадот, кој се наоѓа на државно земјиште, беше поставена заседа за откривање на лицата кои го посадиле и одгледувале канабисот. Со оглед дека лицата не се појавија, насадот беше откорнат и запленет, а од лице место е подигната и опрема за наводнување и алати, кои дополнително ќе се вештачат заради утврдување на биолошки траги кои би помогнале во откривањето на идентитетот на лицата.

Растенијата се пренесени на експертиза во Одделот за криминалистичка техника, а по пребројувањето е утврдено дека се работи за 755 корени „Канабис сатива“ во висина од 40 до 100 сантиметри.

МВР продолжува да работи на целосно расчистување и документирање на случајот.

Од почетокот на годинава, заклучно со јуни, полицијата заплени преку 315 килограми разни видови наркотични дроги, а во 290 регистрирани дела, поднесени се кривични пријави против 355 лица.

 

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 24.07.2010
   
Моментално посетители: 90
Вкупно посетители: 5217650