
.jpg)
ПС Прилеп до ОЈО Ј1рилеп поднесе кривична пријава против лицето Н.Т(43) од Прилеп, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ.
Подолг временски период НККР-ОНТ со дрога при ПС Прилеп, располагаше со оперативни сознанија дека пријавениот Н.Т , се занимава со недозволена производство на опојна дрога, марихуана, по што се преземени оперативно-тактички мерки и дејствија, заради потврдување на сомненијата,
На ден 20.07.2010 претходно добиена наредба од Основен суд Прилеп од страна на полициски службеници извршен е претрес во викенд куќата сопственост на пријавениот, при што се пронајдени 2 стебла непознато растение со висина едното од околу 1 м. а другото од 50 цм. и 10 најлонски паковки со непозната иситнета расгителна материја и прибор за виткање цигари. Со потврда за привремено одземени предмети, истите се одземени од пријавениот и се испратени на вештачење во Отсекот за криминалистичка техника во СВР Битола каде е констатирано дека се работи за стебла од растение „Канабис сатива“ со висина од 110 и 55 цм. а во деветге полиетиленските кеси исто така станува збор за опојна дрога „марихуана" со вкупна тежина на кесите од 158 гр.
Н.Т е привсден во ПС Прилеп-НККР каде сонего е извршениот распит на околности за потеклото на стеблата и марихуаната во кесичките. Истиот изјави дека при требење на марихуаната, ги фрлал семките од марихуаната што ја пушел и најверојатјао стеблата нзникнале од семките. Бидејќи е долгородишен уживател на наркотична дрога марихуана, чесго пати ги берел листовите на растението, ги сушел, ги дробел за во иднина да ги користи за свои потреби.
Заедно со кривичната пријава и доказниот материјал осомничениот е изведен пред надлежениот Истражен судија од Основен суд Прилеп од чија страна му е одредена мерка притвор во време траење од 15 дена
|