Навигација

21.07.2010 Против лице од Кочани поднесена пријава за три различни кривични дела
Во дуќан во Кочани пронајдени 550 грама наркотична дрога, фалсификувана банкнота и исправа

СВР-Штип по превземени оперативно-тактички мерки и дејствија реализира случај  на недозволена трговија со 550 грама  наркотична дрога - амфетамин  како и кривични дела фалсификување пари и фалсификување исправи.

Имено, Отсекот за недозволена трговија при СВР-Штип –ПС-Кочани  по претходно добиени оперативни сознанија дека лицето Л.Ј.(28) од Кочани   се занимава со неовластена препродажба на наркотична дрога  изврши  претрес  во  неговиот дуќан во Кочани  при што се пронајдени  околу 550 грама прашкаста материја,  една  банкнота од 100  американски долари и зелен картон за патничко возило.

Предметите се одземени и со вештачење е потврдено дека станува збор за наркотична дрога амфетамин  а банкнотата и зелениот картон се фалсификувани.

Лицето  е приведено во ПС-Кочани  каде со него  е извршен  разговор. Од дополнително превземените мерки утврдено е дека  истите    ги набавил  во април  минатата година од непознато лице од Скопје.

Против Л.Ј. е поднесена кривична пријава за кривични дела  „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ како и за “Фалсификување пари“ и  „Фалсификување исправа“  а од страна на Истражен Судија  од Основен Суд – Кочани му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 21.07.2010
   
Моментално посетители: 32
Вкупно посетители: 5212460