Навигација

21.07.2010 Кривична пријава против три физички и едно правно лице
Со фиктивни фактури затаиле данок во висина од 950.992 денари

Одделот за Организиран до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице и тоа Љ.Т.(48) од Скопје, управител на друштвото „ГРАФОМА ЛТД“ДООЕЛ поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“, по член 279 од КЗ на РМ, Ц.Г.Р. – Бугарски државјанин, основач и управител на друштвото „ТПГ КОМЕРЦ“ ДООЕЛ со седиште во Скопје и К.Р.(48) од Скопје, лице кое фактични стопанисува со друштвото „ТПГ КОМЕРЦ“ ДООЕЛ, поради постоење основано соменение за сторени кривични дели „помагање“ по член 24 во врска со „даночно затајување“ по чл.279 ст.2 од КЗ на РМ и ДТППУ„ГРАФОМА ЛТД“ ДООЕЛ експорт импорт Скопје каде управител е Љ.Т., поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по чл.279 ст.3 од КЗ на РМ.

Имено, пријавениот К.Р. на барање на пријавениот Љ.Т. во деловната 2005 година изготвил 46 лажни фактури од друштвото „ТПГ КОМЕРЦ“ ДООЕЛ Скопје во кои внел невистинита соджина како да е извршен трговски промет или како да е направена услуга, со искажан ДДВ од 18% и истите ги насочил кон друштвото ГРАФОМА ЛТД“ДООЕЛ-Скопје каде управител е Љ.Т., во вкупен износ од 3.360.663,00 денари. Откако од страна на „ГРАФОМА ЛТД“ДООЕЛ-Скопје е извршено плаќањето по фактурите на сметката на „ТПГ КОМЕРЦ“ ДООЕЛ, К.Р. добиениот прилив го подигал како готовина и по задршка на договорениот надоместок, подигнатата готовина ја предавал на рака на Љ.Т.. На овој начин со издавање лажни фактури на повеќе друштва во РМ, пријавениот К.Р. обезбедувал прилив на сметката на друштвото ТПГ КОМЕРЦ“ ДООЕЛ, па така од сметка на истото во деловната 2005 година подигнал готовина во вкупен износ од 133.213.702,00 денари. Примените 46 лажни фактури „ГРАФОМА ЛТД“ДООЕЛ-Скопје ги книжела како трошок со што ја намалила даночната основица во износ од 2.922.316,00 денари со што затаила данокот на добивка во износ од 438.348,00 денари. Исто така „ГРАФОМА ЛТД“ДООЕЛ-Скопје со приемот на 46-те лажни фактури во износ од 3.360.663,00 денари незаконски и неосновано прикажала влезен ДДВ во износ од 512.644,00 денари и место да го плати истиот неосновано го пребил со пресметаниот излезен ДДВ, за кој износ е оштетен Буџетот на РМ. По двата основа е извршено затајување на данок во вкупен износ од 950.992,00 денари.

Од преземените мерки и активности утврдено е дека друштвото „ТПГ КОМЕРЦ“ ДООЕЛ нема вработени, не води никаква сметководствена документација, нема добавувачи и не создало обврска према добавувачи, туку има само прилив на сметката на друштвото од сметките на друштвата негови наводни купувачи и корисници на лажните фактури. Со намера да К.Р. да ја одбегне одговорноста за начинот на работењето со друштвото „ТПГ КОМЕРЦ“ ДООЕЛ како основач и управител на друштвото бил запишан пријавениот бугарски државјанин Ц.Г.Р. кој фактички не стопанисувал со истото, туку документацијата од основањето заедно со печатите и бланко потпишани налози за подигање готовина ја оставил на располагање на К.Р. за истиот самостојно да работи со „ТПГ КОМЕРЦ“ ДООЕЛ.

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 21.07.2010
   
Моментално посетители: 35
Вкупно посетители: 5212175