Навигација

18.07.2010 Решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР
Сакционирани шестмина полициски службеници

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се шест решенија против шест вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 134 став 1  точка  4 и 7  од Колективниот договор на МВР.

На пет вработени изречена им е мерка парична казна, додека еден вработен е писмено предупреден заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4 и 7 од Колективниот договор, а се работи за:

 

-          Д.С. полициски службеник во полициска станица за надворешно физичко обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци (заспал на работното место);

 

-          З.З.полициски службеник во полициска станица за надворешно физичко обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од шест месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

-          Н.Б. полициски службеник во полициско одделение Богданци, изречена му е мерка писмено предупредување (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

-          Ж.А. полициски службеник во полициско одделение Чегране, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

-          Б.С. полициски службеник за прихфат – сменоводител во полициска станица од општа надлежност Кочани, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (не презел соодветни мерки за расчистување на случај);

 

-          Г.П. полициски службеник во полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци (учествувал во сообраќајна незгода);

 

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 18.07.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5217399