МВР повторно апелира да престанат партиско-политичките притисоци врз полицијата и другите органи на прогонот.
Лидерите на политичките партии треба да покажат поголема почит кон државните институции, да внимаваат на говорот на омраза и да престанат полициските службеници да ги квалификуваат како „силеџии“, а неселективното спроведување на законот како „силеџиство“.
Постапувајќи согласно законските ингеренции, СВР Штип денеска реализираше уште еден случај на неовластено производство на наркотици во кој беше приведен 20 годишен велешанец. Истиот беше затекнат како полевал 37 стебла „канабис сатива“ на земјииште кое не е негово, а надлежниот суд му изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена.
Партиите во конкретниот случај ја оставија полицијата и судот без притисоци да ја завршат својата работа. Оттаму цениме дека е лицемерно, недолично и непримерено, политичкото мешање и нападот врз институциите во случајот во Битола, каде беа пронајдени 203 стебла, високи и по 2,7 метри.
Партиите не смеат да ја преземаат улогата на истражните органи и на судот без разлика дали станува збор за нечиј партиски член или симпатизер.
|