Навигација

17.07.2010 Фатен на дело
Притворен познат скопски провалник во возила

 

На 15.07.2010 година, околу 11.00 ч. на ул.,,Димитрие Чуповски“ во непосредна близина на гимназијата ,,Јосип Броз Тито“ од страна на полициски службеници ПС,,Центар“ непосредно  после извршувањето на кривичното дело ,,тешка кражба во ПМВ“ предвидено и казниво по чл.236 од КЗ на РМ, во ПС,,Центар“ приведен е А.А. со прекар ,,СКОПСКИ“ (1979) од Скопје.

До надлежното ОЈО-Скопје поднесена е кривична пријава против А.А. за извршени  три кривични дела ,,тешки кражби во ПМВ“ за што од страна на истражниот судијa изречена му е  мерка притвор во  траење од 30 дена.

Имено осомничениот првата кражба ја извршил на 17.06.2010год. во претпладневните часови на бул.,,Кочо Рацин“ кај градинката позади Градска Болница во ПМВ,,Махиндра С5 скорпио“ пик-ап со скопски таблички, сопственост на ,,Лантел“ДОО експорт–импорт при што од возилото одзел акумулаторска правосмукалка и акумулаторска батерија. Кражбата ја извршил со кршење на стакло од задна лева врата.

Второто кривично дело го извршил на 19.06.2010 год. исто така во претпладневните часови на паркинг пред Олимписки Базен во ТМВ,,Пијаџо Портер„ со скопски таблички, сопственост на Термо Кинг Сервис, при што од возилото е одземена една хилта  марка ,,Девалт’ и бургија бр.40. Кражбата ја извршил со употреба на погоден тврд предмет ја скршил задната шофершајбна.

Третото кривично дело го извршил на 15.07.2010 год. исто така во претпадневните часови на ул.,,Димитрие Чуповски“ бр.31 во ТМВ,,Фолксваген“ со скопски таблички, сопственост на С.С. од Скопје, при што од возилото одзел две машини марка ,,Макита“. Делото го извршил  со употреба на погоден предмет - метална шипка и на сила го скршил катанецот од сандакот одземајќи ги предметите, при што е фатен од страна на полицијата.

Од страна на полициските службеници од осомничениот со Потврда за одземени предмети, одземени се украдените  предмети од сите три кражби и со Потврда за вратени предмети, предметите се вратени на оштетените.

Инаку, А.А. и е познат на службата, истиот повеќе пати кривично е пријавуван за извршени кривични дела за што од страна на судот му се изрекувани повеќе казни.

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 17.07.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5217384