Навигација

16.07.2010 Реакција на политичките обвинувана
Да престанат партиските притисоци врз полицијата и судот

МВР апелира да престанат партиско-политичките притисоци врз полицијата и другите органи на прогонот.

МВР е должно да реагира и постапи против секое лице за кое постојат сомнениеја дека сторило кривично дело, без разлика дали станува збор за нечиј партиски член или симпатизер.Единствено судот е тој, кој согласно законот има ингеренции да утврдува нечија вина и да прифаќа или отфрла барања за отворање на истрага за сторен криминал. Единствено судот цени дали е можно искусен земјоделец на својата парцела да не забележи 203 стебла „Канабис сатива“ високи и преку 2,7 метри.Единствено судот цени дали е пракса со прскалка да се полеваат и негуваат „диво изникнати стебла“.Единствено судот треба да дојде до одговорот зошто искусен земјоделец не ги пријавил и не ги уништил „непожелните диво израснати стебла“, туку ги полевал и негувал.Непримерено е заради политички интереси, партиите да ја преземаат улогата на суд и полиција и да делат сопствена правда.

 

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 16.07.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5212048