Навигација

11.07.2010 Решенија по дисциплински постапки
Санкционирани 15 вработени

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 15 решенија против 15 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4 и 7 од Колективниот договор на МВР.

На 11 вработени изречена им е парична казна, а четворица  вработени се предупредени, заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4 и 7 од Колектибниот договор, а се работи за:

 

 

Т.П. полициски службеник во ПС НФОО, изречено му е писмено предупредување( употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

И.Е.   полициски службеник во ПО Матејче, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци(не презел соодветни мерки за да спречи да не дојде до нарушување на јрм);

В.А.   полициски службеник во ПО Матејче, изречена му е  парична казна во износ од 15% од месечна плата во траење од три месеци ( не презел соодветни мерки за да спречи да не дојде до нарушување на јрм);

И.М.   полициски службеник во ПО Матејче, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци ( не презел соодветни мерки за да спречи да не дојде до нарушување на јрм);

М.З.    полициски службеник во ПО Матејче, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечна плата во траење од пет месеци ( не презел соодветни мерки за да спречи да не дојде до нарушување на јрм);

Р.М.   аналитичар во ПС ОН Струмица, изречено му е писмено предупредување ( не ги извршувал работните задачи навремено);

Б.К.   инспектор за превенција во ПС ОН Кавадарци, изречена и е парична казна во износ од 5% од месечна плата во траење од шест месеци (не го почитувала работното време);

И.Ѓ.  полициски службеник во ПС ОН Охрид, изречена му е парична казна во износ  од 15% од месечна плата во траење од пет месеци ( употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

З.М.  полициски службеник во ПС ОН Охрид, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечна плата во траење од пет месеци (превезувал огревно дрво без дозвола);

Д.Л.  оперативен работник во Оддел за обезбедување, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечна плата во траење од шест месеци ( се приклучил на интернет страна со порнографска содржина);

И.Д.  полициски службеник во ЕБПС на автопат, изречено му е писмено предупредување (не постигнал задоволителни резултати);

С.С.    полициски службеник  во ЕБПС на автопат, изречено му е писмено предупредување ( не постигнал задоволителни резултати);

Д.А.   полициски службеник во ПС ОН Берово, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечна плата во траење од пет месеци ( употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

Т.П.  полициски службеник во ПС за БПС Петровец, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечна плата во траење од еден месец ( не носел панцир) и

Б.Р.  полициски службеник во ПС НФОО, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечна плата во траење од три месеци ( се оддалечил од работно место).

 

 

 

 

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 11.07.2010
   
Моментално посетители: 18
Вкупно посетители: 5212441