На 09.07.2010 година Одделението за недозволена трговија при СВР – Скопје до надлежното ОЈО – Скопје, поднесе кривична пријава против Р.Х. (30) и неговиот татко Џ.Х.(66) .и двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи„ .
При реализацијата на случајот пронајдени се и одземени три пиштоли и 35 куршуми различен калибар.По претходно добиено оперативно сознание дека Р.Х. во својот дом недозволено чува огнено оружје, Одделението за недозволена трговија при СВР – Скопје – ЕКР – ОНТ, превзеде соодветни мерки и активности за обебедување на материјални докази и фаќање на истиот.Во текот на денот ,по претходно изготвен план извршен е претрес во домот на Р.Х.во с. Средно Коњаре и при тоа се пронајдени и одземени три пиштоли и тоа: марка „Црвена Застава„ , потоа „ТТ„ и 14 куршуми за истиот и „Валтер Модел РРК„ , како и 21 куршум кај неговиот татко Џ.Х.. Одземеното оружје и муниција се предедени на вештачење во ОКТ при МВР на РМ.
|