Навигација

08.07.2010
Реакција по интерпелацијата

 

Најпрвин би сакала да се заблагодарам за интерпелацијата и да изразам надеж дека Претседателот на Собранието што е можно побргу, истата да ја стави на дневен ред.

Интерпелацијата ја гледам како уште една можност, овојпат и од собраниската говорница да ја кажеме вистината за инцидентот во кој полициски службеник беше насилно нападнат и попречен во извршувањето на неговите задачи.

Интерпелацијата ја гледам како уште една можност пред домашната и меѓународната јавност да ги презентирам доказите кои повеќе од јасно покажуваат кој турка, кој влече, кој навредува и кој попречува извршување на службени задачи.

Се надевам дека интерпелацијата ќе придонесе да се тргне и последната дамка, и последната нејаснотија околу тоа кои беа насилниците, а кој крајно професионално, присебно и одмерено си ја вршеше работата.

Се надевам дека интерпелацијата ќе помогне да се расчистат и манипулациите дали некој, па дури и да се работи за пратеник, има право физички да нападне друго лице, без разлика дали станува збор за полициски службеник, припадник на спротивна политичка опција или медиум.

Очекувам дека со интерпелацијата конечно јавноста ќе знае дали законите важат за сите други граѓани, освен за некои пратеници кои можат да се однесуваат насилно, да напаѓаат, да се закануваат и да навредуваат без за тоа да сносат никаква одговорност.

За крај, очекувам дека по завршувањето и гласањето за интерпелацијата, целата дискусија ќе влијае на враќање на разумот. Верувам дека ќе проработи совеста и дека поединците кои го предизвикаа инцидентот ќе ја преземат одговорноста и ќе го увидат срамот кој и го нанесоа на демократијата во Република Македонија.

 

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 08.07.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5217677