Навигација

08.07.2010 Непосредно по пријава во полиција
Фатени двајца сторители на “тешки кражби на особено дрзок начин“

Заради постоење на основано сомневање дека се сторители на кривично дело - “тешка кражба на особено дрзок начин“ – завчера (06.07.) од страна на УПС од ПС ОН Карпош приведени се лицата Ј.M. (17) и Б.А. (17) и двајцата од Скопје.

Имено, завчера во 15,00 часот примена е објава од ЦИК за извршено кривиќно дело – “тешка кражба на особено дрзок начин„ на ул. “Васил Ѓоргов“ при што било одземено едно ланче жолта боја со привезок во форма на крст обложен со циркони, со што е причинета материјална штета од 32.000 денари. Тешката кражба била извршена врз оштетената С.П. додека се движела пеш по погоренотираната улица. Во еден момент од пред неа и зад неа и пришле двајцата приведени и додека се разминувала едно од лицата и го грабнало ланчето кое и било околу врат за потоа двете лица со трчање се упатат кон населбата Козле.

Веднаш по известувањето за настанот од страна на припадници на ПС Карпош извршен е преглед на поблиската околина при што на улицата “Јуриј Гагарин“ биле забележани две лица кои одговарале на дадениот опис и кои кога УПС се приближиле почнале да трчаат во правец на ул.“Митрополит Теодосиј Гологаниов“, каде што биле пресретнати и задржани од страна на полициските службеници. Над истите извршен е преглед и кај едно од нив во левата патика било пронајдено ланче кое одговарало на ланчето опишано во објавата.

На лице место излезени се инспектори од НК за КР Карпош, а од извршените разговори со лицата утврдено е дека истите  имаат извршено десет кривични дела “тешка кражба на особено дрзок начин“ од кои осум на подрачјето на ПС Карпош и две на подрачјето на ПС Центар

По целосно документирање и расчистување на случаите од страна на НК за КР Карпош до ОЈО-Скопје против двајцата приведени ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 08.07.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5212710