Навигација

07.07.2010 Поштар во Пошта Чаир, пријавен за „Затајување„ и „Фалсификување исправа„
Крадел и од живи и од мртви

Денес СВР Скопје – Одделението за економски криминал до Надлежното Јавно Обвинителство поднесе кривична пријава против лицето С.П.(54) пошторазнесувач во Пошта Чаир, пријавен за „Затајување„ и „Фалсификување исправа„ .

          Пријавениот во периодот од месец јануари 2005 година до месец март 2010 година, во својство на пошторазнесувач од Пошта Чаир противправно присвоил парични средства кои му биле доверени во работата, во вкупен износ од 589.219 денари.

          Имено, пријавениот во периодот од јануари 2005 година до март 2010 година спротивно на службеното задолжување и работни обврски да доколку некој корисник почине за истото ги извести надлежните во поштата Чаир, тој противправно присвоил и ги употребил за себе паричните средства во вкупен износ од 550.751 денари. Наместо тоа, пријавениот при задолжување со паричните средства и паричните документи за пензии и средства за туѓа нега, своерачно ги потпишувал упатниците кои гласеле на две лица, од кои едната уште во 1992 година била почината, а другиот починал во јуни 2006 година, при што едниот примерок го враќал во поштата потпишан од истиот а паричните средства ги задржувал за себе. На таков начин присвоил вкупно 550.751 денари. Исто така пријавениот со незаконско и противправно работење не извршил достава на паричните средства и паричните документи на пет корисници кој тој ги опслужувал, односно своерачно се потпишал во име на крајните корисници и истите во поштата Чаир ги прикажал како да се исплатени, додека паричните средства во вкупен износ од 38.468 денари ги задржал за себе.

          Од страна на СВР СКопје – Одделение за економски криминал извршени се проверки во АД „Македонска Пошта„ и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РМ, по што лицето е предадено на Истражен судија за понатамошна постапка.

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 07.07.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5217575