Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во врска со вчерашниот инцидент, согласно член 142 и 143 од Колективниот договор на МВР, а во врска со член 134 и член 54 точка 7 од Колективниот договор за изменување и дополнување на колективниот договор на МВР, одлучи да биде поднесен предлог за покренување постапка за утврдување на одговорност до надлежната комисија за отказ во МВР против вработениот во Одделот за обезбедување на лица и внатрешно обезбедување на објекти .
СВКПС по спроведената истрага утврди дека полицискиот службеник Б.В. непотребно се впуштил во вербална расправија со снимателот со што постапил спротивно на Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници :
- Со тоа што во службените односи со граѓаните не се однесувал пристојно, одмерено, објективно, и коректно и не ја почитувал личноста, достоинството, правата и слободите на граѓаните, В.Б. постапил спротивно на член 2 алинеја 2 од Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници,
- Со тоа што не го чувал својот углед како и угледот на полицијата, истиот постапил спротивно на член 2 алинеја 3 од Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници.
Во врска со наводите во медиумите дека снимателот бил удиран од обезбедувањето, примена на физичка сила не потврдил ниту оштетениот, ниту новинарите со кои е контактирано, а учествувале во изготвувањето на извештаите.
Министерството за внатрешни работи го осудува секое непрофесионално постапување на поединци со кои се нарушува угледот на полицијата и во најкус можен рок против нив ќе бидат изречени соодветни санкции од надлежната комисија. |