Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди ќе го испита инцидентот кој се случил пред почетокот на средбата на партнерите од коалицијата „За подобра Македонија“ и доколку се утврди какво било пречекорување на овластувањата или прекумерна употреба на сила од вработен во Министерството за внатрешни работи, против истиот ќе биде покрената соодветна постапка и ќе следуваат санкции.
Во најкус можен рок одговорните од СВКПС ќе стапат во контакт и со оштетениот и со вработениот во обезбедувањето заради итно расчистување на случајот. |