Навигација

Сектор за внатрешна контрола и професонални станда
13.06.2010
Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи

Во текот на изминатите две недели по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 19 решенија против 19 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 134 став 1  точка 4 и  7  од Колективниот договор на МВР.

На 16 вработени изречена им е мерка парична казна, а на еден вработен изречена му е мерка отказ заради пречекорување на службените овластувања, додека двајца вработени се писмено предупредени заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4 и 7 од Колективниот договор, а се работи за:

 

-          И.Р. полициски службеник во единицата за брзо распоредување, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (спиел на работа);

 

-          Б.Д. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Гостивар, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

-          Д.С. полициски службеник во полициска станица Пехчево, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци  (спиел на работа);

 

-          Д.А. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Берово, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци (одбил да соработува со Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди);

 

-          З.А. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Кочани, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци ( употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

-          З.Ѓ. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Центар, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (овозможил на лица учесници во реално шоу да се сликаат во службено возило);

 

 

 

-          Б.С. полициски службеник во полициска станица  од општа надлежност Прилеп, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните три месеци  (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

-          П.Б. полициски службеник во полициска станица за обезбедување на државна граница Старавина, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните четири месеци  (го нарушил јавниот ред и мир);

 

-          В.Ц. полициски службеник во единицата за брзо распоредување, изречена му е мерка – отказ  (извршил кражба);

 

-          С.Д. водич во полициска од општа надлежност Демир Хисар, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци  (испукал неколку куршуми во воздух);

 

-          К.Д. полициски службеник во полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци  (вршел дополнителна дејност без да прибави согласност од министерот);

 

-          Т.Б. виш инспектор во Секторот за внатрешни работи Струмица, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од еден месец (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

-          Д.Е. виш инспектор во Секторот за внатрешни работи Струмица, изречена му е мерка писмено предупредување (влегол во угостителски објект со униформа);

 

-          Б.Г. обработувач на податоци во полициска станица од општа надлежност Чаир, изречена и е мерка писмено предупредување (се однесувала дрско со претпоставениот старешина);

 

-          А.З. полициски службеник во единицата за брзо распоредување, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (спиел на работа);

 

-          Г.Ѓ. полициски службеник во единицата за брзо распоредување, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (спиел на работа);

 

-          Б.Х. полициски службеник во полициска станица за надворешно физичко обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (спиел на работа);

-          И.И. полициски службеник во полициска станица за гранична контрола Јажинце, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните два месеци  (спиел на работа);

 

-          Б.А. полициски службеник во полициска станица за гранична контрола Tабановце, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци  (го нарушил јавниот ред и мир);

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 13.06.2010
   
Моментално посетители: 6
Вкупно посетители: 5217692