Навигација

Сектор за внатрешна контрола и професонални станда
25.05.2010
Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се три решенија против тројца вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 134 став 1  точка 4 и 7  од Колективниот договор на МВР .

 

На тројца вработени изречена им е мерка парична казна, заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4 и 7 од Колективниот договор, а се работи за:

 

-          Н.С. командир во полициска станица за гранична контрола Богородица, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните четири месеци  (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

 

-           Б.Б. раководител на смена во полициска станица за гранична контрола Јажинце, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци (учествувал во нарушување на јавниот ред и мир);

 

 

-          Т.Н. самостоен инспектор во надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната  плата во наредните три месеци (управувал службено возило без согласност);

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 25.05.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5212614