Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се шест решенија против шест вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 134 став 1 точка 7 од Колективниот договор на МВР и седум решенија за запирање на дисциплинска постапка бидејќи нема утврдено повреда во работењето.
На девет вработени изречена им е мерка парична казна, а на еден вработен му е изречена мерка прераспоредување, заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 7 од Колективниот договор, а се работи за:
- В.С. полициски службеник во Единицата за брзо распоредување, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (учествувал во тепачка и пукал со пиштол);
- Ц.Ѓ. полициски службеник во полициска станица за обезбедување на дипломатско конзуларни преставништва, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од четири месеци (управувал возило без соодветна документација и со рачно изработени регистарски таблици);
- М.С. командир во полициска станица за гранична контрола Табановце, изречена му е мерка прераспоредување (учествувал во лов на диво животно);
- И.С. полициски службеник во полициска станица Центар, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните пет месеци (учествувал во тепачка);
- В.П. полициски службеник во полициска станица за обезбедување на државна граница Берово во РЦ Исток, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните четири месеци (испукал куршуми од својот пиштол);
- К.Ѓ. полициски службеник во полициска станица за гранична контрола Ново Село, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од четири месеци (ја оставил рампата отворена и поминало возило без да застане);
- Ж.Н. полициски службеник во полициска станица за обезбедување на државна граница Пелинце, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (не обезбедил лице и истото побегнало);
- М.Ѓ. полициски службеник во полициска станица за обезбедување на државна граница Табановце, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните пет месеци (не обезбедил лице и истото побегнало);
- К.С. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Охрид, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните пет месеци (ги омаловажувал колегите);
Б.М. полициски службеник во полициска станица за обезбедување на државна граница Блаце, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (при претрес на лице му го одзел пиштолот и не го пријавил веднаш); |