Навигација

Сектор за внатрешна контрола и професонални станда
02.05.2010
Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се шест решенија против шест вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 134 став 1  точка  4 и 7  од Колективниот договор на МВР.

 

На пет вработени изречена им е мерка парична казна, а еден вработен е писмено предупреден заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4 и 7 од Колективниот договор, а се работи за:

 

М.С. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Кочани, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните три месеци  (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

А.С. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Кочани, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

Д.А. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Берово, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

П.Ц. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Прилеп, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната  плата во наредните два месеци (не изготвил записник за сторен прекршок);

 

С.С. полициски службеник за превенција во СВР Струмица, изречена и е мерка писмено предупредување (не доставила писмено известување дека ќе користи боледување);

 

С.М. командир на одделение во единицата за брзо распоредување, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната  плата во траење од еден месец (заспал на работно место);

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 02.05.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5217435