Навигација

Сектор за внатрешна контрола и професонални станда
21.03.2010 Неделен билтен на дисциплински постапки
Петмина полициски службеници санкционирани со парична казна

Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се пет решенија против пет вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 133 став 1  точка 4 и по член 134 став 1 точка  7  од Колективниот договор на МВР.

На пет вработени изречена им е мерка парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 133 став 1 точка 4 и по член 134 став 1 точка 7 од Колективниот договор, а се работи за:

-          Б.З. полициски службеник во полициско одделение Сарај, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (во повеќе наврати доцнел на работа);


-          Б.С. полициски службеник во полициска станица Виница, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните пет месеци (извршил бесправна сеча на дрва);


-          В.М. полициски службеник во полициска станица Виница, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната  плата во наредните пет месеци  (извршил бесправна сеча на дрва);


-          Б.П. полициски службеник во полициска станица Виница, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните два месеци (обезбедиле потребна документација врз основа на којa е извршена бесправна сеча на дрва);


-          В.К. полициски службеник во полициска станица Виница, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната  плата во наредните три месеци (обезбедиле потребна документација врз основа на којa е извршена бесправна сеча на дрва);

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 21.03.2010
   
Моментално посетители: 24
Вкупно посетители: 5217519