Навигација

Сектор за внатрешна контрола и професонални станда
18.04.2010
Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се четири решенија против четири вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 133 став 1  точка 2 и 7  и по член 134 став 1 точка  7  од Колективниот договор на МВР и едно решение за запирање на дисциплинска постапка бидејќи нема повреда во работењето .

 

На четири вработени изречена им е мерка парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 133 став 1 точка 2 и 7 и по член 134 став 1 точка 7 од Колективниот договор, а се работи за:

 

-          Д.Т. полициски службеник во полициска станица за обезбедување на државна граница Блаце, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци  (го изгубил службениот пиштол);

 

 

-          Е.Ф. полициски службеник во полициска станица за надворешно физичко обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (се одалечил од работното место)

 

 

-          Р.Г. полициски службеник во полициска станица за надворешно физичко обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од еден месец (заспал на работното место)

 

 

-          Ј.М. инспектор во полициска станица Делчево, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната  плата во наредните два месеци (навремено не изготвил кривична пријава)

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 18.04.2010
   
Моментално посетители: 79
Вкупно посетители: 5217634