Навигација

Сектор за внатрешна контрола и професонални станда
03.04.2010
Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 16 решенија против 16 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 68 став 1  точка 11 и по член 134 став 1 точка 4 и 7 од Колективниот договор на МВР.

На 16 вработени изречена им е мерка парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 68 став 1 точка 11 и по член 134 став 1 точка 4 и 7 од Колективниот договор, а се работи за:

-          О.И. полициски службеник во полициска станица за обезбедување на државна граница Делчево, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (управувал возило со странски регистарски број без полномошно);

 

-          В.А. полициски службеник во полициска станица Струга, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (му избегало приведено лице);

 

-          Ф. П. виш инспектор во сектор за внатрешни работи Охрид, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната  плата во наредните два месеци  (навремено не изготвил записници по извршен увид);

 

-          С. М. полициски службеник во полициска станица Ѓорче Петров, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните пет месеци (се оддалечил од работното место каде требало да извршува позорна служба);

 

-          Г.М. полициски службеник во полициска станица Ѓорче Петров, изречена и е парична казна во износ од 10% од месечната  плата во наредните пет месеци (се оддалечила од работно место каде требало да извршува позорна служба);

 

-          Л.Т. полициски службеник во полициска станица Штип, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

 

 

 

 

-          В.Г. полициски службеник во полициска станица Штип, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните три месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

-          А.А. полициски службеник во полициска станица Струга, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (му избегало приведено лице);

 

-          А.С. полициски службеник во полициска станица за надворешно физичко обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната  плата во траење од еден месец (заспал на работно место);

 

-          М.Е. помлад референт за лични карти во СВР Куманово, изречена и е парична казна во износ од 20% од месечната плата во траење од шест месеци (во компјутерска евиденција внела невистинити податоци);

 

-          Љ.А. полициски службеник во полициска станица Охрид, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (не извршил наредба од претпоставен старешина);

 

-          Ј. Ј. полициски службеник во полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Крива Паланка, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните четири месеци (оневозможил службено лице од шумска полиција да презема соодветни дејства);

 

-          Г.К. полициски службеник во полициска станица за надворешно физичко обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната  плата во траење од три месеци (се однесувал дрско со претпоставен старешина);

 

-          Л.П. полициски службеник во полициска станица Куманово, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (оневозможил полициски службеник да преземе соодветни мерки);

 

-          А.И. полициски службеник во полициска станица Бит Пазар, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните четири месеци (не извршил корекција на патни налози);

 

-          Ж.М. полициски службеник во полициска станица Куманово, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од еден месец (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 03.04.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5212624