Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 12 решенија против 12 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 133 став 1 точка 2 и по член 134 став 1 точка 4, 7 и 8 од Колективниот договор на МВР.
На 10 вработени изречена им е мерка парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 133 став 1 точка 2 и по член 134 став 1 точка 4,7 и 8 од Колективниот договор, а се работи за:
Љ.Ј., полициски службеник во полициско одделение при СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (употребил и бил под дејство на алкохол за време на работа);
М.Ч., полициски службеник во полициска станица при СВР Охрид, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (не излегол на терен да преземе мерки);
А.Г., полициски службеник при Одделот за посебни единици, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните три месеци (при извршена контрола не бил затекнат на работното место);
И.З., полициски службеник во полициска станица при СВР Штип, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните два месеци (во службената белешка не ги навел сите преземени активности во врска со настанот во кој постапил);
Д.П. и А.Р., полициски службеници во полициска станица при РЦ „Север“, изречена им е парична казна во износ од 15% од месечните плати во наредните четири, односно два месеци (без дозвола од претпоставениот старешина се оддалечиле од работното место);
А.Т., полициски службеник во полициска станица при СВР Охрид, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните четири месеци (во службената белешка не ги навел сите учесници);
З.С., полициски службеник во полициска станица при СВР Охрид, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните четири месеци (не презел мерки за расчистување на настан);
И.В., полициски службеник во полициско одделение при СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните четири месеци (изготвил месечен извештај со неточна содржина) и
Ш.У., помлад инспектор во одделение при СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните три месеци (ја злоупотребил службената легитимација на начин што сакал да оствари влез во дискотека без да плати).
Од страна на Министерството против вработениот Д.М., полициски службеник при Одделот за посебни единици, донесено е решение со кое постапката покрената против истиот се запира, бидејќи е констатирано дека нема повреда на член од Колективниот договор.
Покрај ова, донесено е и решение со кое вработениот Д.Б., полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје писмено се предупредува, бидејќи постапил спротивно на правилата и прописите на Министерството, односно одбил да соработува со Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при извршена контрола во работењето. |