Во текот на изминатите две недели по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 15 решенија против 15 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 134 став 1 точка 1, 2 и 7 од Колективниот договор на МВР.
На двајца вработени изречен им е отказ на договорот за вработување согласно член 134 став 1 точка 1 од Колективниот договор, а се работи за Р.М. и В.М., полициски службеници во полициска станица при СВР Охрид (неоправдано изостанале од работа три последователни дена).
На 12 вработени изречена им е мерка парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 2 и 7 од Колективниот договор, а се работи за:
- А.П. и А.Ј., полициски службеници во полициска станица при СВР Струмица, изречена им е парична казна во износ од 15% од месечните плати во наредните четири месеци (го напуштиле работното место без согласност на претпоставениот старешина);
- Х.Х., полициски службеник во полициска станица при РЦ „Север“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (ја поминал наплатната рампа со службена легитимација
- С.К., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР “Север“ изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (во орманот му е пронајден алкохолен пијалок);
- Б.М., полициски службеник во полициска станица при СВР Охрид, изречена му е еднократна парична казна во износ од 15% од месечната плата (испукал еден куршум од невнимание) ;
- Е.Р., полициски службеник во полициска станица при СВР Охрид, изречена му е парична казна во износ од 15 % од месечната плата во наредните шест месеци (додека бил на боледување, бил затекнат како врши превоз на градежен материјал) и
Од страна на Министерството донесено е решение со кое вработениот К.С., полициски службеник во полициска станица при СВР Охрид писмено се предупредува, бидејќи постапувал спротивно на правилата и прописите на Министерството, односно се оддалечил од работното место без согласност од претпоставениот старешина.
|