Навигација

Сектор за внатрешна контрола и професонални станда
24.07.2009 Интернационалнo антикорупциско летно училиште во Австрија
Помошник на министерот за СВКПС, Станчевска на обука во Хернстеин


Во периодот од 09.07.2009 до 18.07.2009 година по трет пат во организација на БИА од Австрија, кофинансирано од ЕУ , подржано од 32 земји се одржа третото интернационално антикорупциско летно училиште, во Хернстеин – Австрија, под мотото „Практиката ја задоволува науката“ .

Во истото, учество земаа претставници од полициски служби, истражни судии, јавни обвинители, судии, советници, владини функционери и претставници од невладиниот сектор од земји од ЕУ, земји кандидати за ЕУ, како и претставници од Кина, Авганистан, Ирак и Боливија. Мултидисциплинарните предавања беа одржани од страна на Меѓународно реномирани професори, научници и практиканти на тема  „Корупција и борба против корупцијата“.

Помеѓу учесниците на летното антикорупциско училиште активно учество зема и Помошник на Министерот м-р Анета Станчевска, раководител на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.

 

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 24.07.2009
   
Моментално посетители: 33
Вкупно посетители: 5217530