Навигација

Сектор за внатрешна контрола и професонални станда
07.07.2009
Мартин Крутнер,директор на Бирото за внатрешни истраги при австриската полиција во посета на МВР

На почетокот на месецов (06/07.07) во работна посета на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР престојуваше Мартин Крутнер – Директор на BIA (Биро за внатрешни истраги) од Република Австрија.

Притоа, г-динот Крутнер и  помошник  на министерот за СВКПС, м-р Анета Станчевска, меѓудругото, разговараа и за зачленување на Република Македонија во ЕПАК (Европски партнери за борба против корупцијата) со статус на придружна земја членка, како и за обуката на вработените од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.

Исто така, Крутнер заедно со Станчевска остварија средба со министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска  при што беше договорена интензивирана соработка на полето на борбата против корупцијата.

Назад 

Креиран од operator на 07.07.2009
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5212289